Економија, финансии, бизнис

Контакт

Неговото височество Лондон- најскапиот град и лидер во хотелиерство

Неговото височество Лондон- најскапиот град и лидер во хотелиерство
Лондон ќе биде лидер на европскиот пазар на хотели во 2015 година, предвидуваат од консултантската компанија PwC. Во извештајот се наведува дека оваа година Лондон ќе е на второ место во Европа по раст на приходите од расположливи соби, но догодина ќе ја предводи листата на компанијата, во која влегуваат вкупно 17 градови на Стариот континент. За оваа година се очекува приходите од расположливи соби во британската престолнина да се зголемат за 3,8%, а догодина - растот да се забрза до 5,2%. Прогнозата следува по позитивните податоци за хотелскиот сектор во британскиот главен град од 2013 година. Податоците на Statista покажуваат дека вработеноста се зголемила од 75.2% во почетокот на минатата година до 81,1% во последниот квартал, а просечните приходи од соба се зголемиле со 12,7% од 122,7 фунти до 138,26 фунти. Аналитичарите истакнуваат дека буџетскиот сегмент од пазарот на хотели во Лондон цвета во последно време. Иновациите и новите брендови кои влегуваат во овој сегмент од пазарот, целосно ја трансформираат сликата за него. Сепак овој град од неодамна е од челната позиција го симна и Хонгконг, за да се претвори во најскапиот град во светот во однос на трошоците за живот и бизнис. За прв пат откако меѓународната агенција Savills го подготви својот индекс Live / work во 2008 година Лондон го надмина Хонг Конг, претворајќи се во најскапиот град за компаниите кои имаат за цел во овој град да развиваат бизнис. Жителите на Лондон беа затекнати од зголемените стамбени цени за разлика од жителите во азискиот мегаполис, каде цените за станбен имот се намалија. Канцеларијата за национална статистика на Велика Британија соопшти дека цените на куќите во главниот град и во другите региони на Островот се вратиле кон нивоата, забележани пред почетокот на светската финансиска криза во 2008 година. Друг важен елемент е и движењето на валутите. Атрактивноста на Хонгконг била стимулирана од слабеењето на доларот. Британската фунта пак го продолжува подемот во однос на американскиот долар и покрај благото повлекување во последните денови поради ситуацијата околу референдумот за независност во Шкотска. К.К.  
Слично

Поврзани вести