Неготино отвара нова индустриска зона
Општина Неготино отвора нова индустриска зона со површина од 33 хектари.
Во зоната планирано е да се формираат околу 30 парцели, а нивната големина ќе зависи од интересот на инвеститорите. Новата индустриска зона се наоѓа веднаш до постоечката во местото Црвени брегови.
Општината работи на формирање на уште една индустриска зона, Дуброво-Тремник, која ќе има површина од над 60 хектари.
Покрај градот, уредувањето на индустриските зони го помага и државата.
Слично
