Недостигаат преведувачи за фарси јазикот, комуникацијата со мигрантите отежната
Во земјава има само еден официјален судски преведувач на фарси јазикот на кој зборуваат мнозинството мигранти.
Фарси јазикот го зборуваат најголемиот број емигранти кои доаѓаат од Иран, Авганистан, Узбекистан и Таџикистан. Институциите се соочуваат со проблемот од недостиг на официјални судски преведувачи кои знаат ретки јазици. Овој проблем доаѓа до израз поради актуелната мигрантска криза.
„Свесни сме дека се јавува се поголема потреба за преведувачи на јазици што претходно и не биле толку потребни, треба да се работи на тоа, треба да се определи потребата од определени јазици и можеби проактивно да се работи на едукација на преведувачи од овие јазици“ - вели Ана Попова – Манасиевска, член на Здружението на преведувачи на Македонија.
Таа објаснува дека имаат многу одговорна работа, посебно кога се работи за судски документи, но нивната работа е недоволно законски регулирана и имаат нелојална конкуренција.
