Економија, финансии, бизнис

Контакт

Недостига уште кандидатурата на Пендаровски

Недостига уште кандидатурата на Пендаровски
Кандидатурите на Ѓорге Иванов од ВМРО-ДПМНЕ, Илјаз Халими од ДПА и Зоран Поповски од ГРОМ, сите поткрепени со најмалку 10 илјади потписи, веќе се доставени до Државната изборна комисија. Недостига уште кандидатурата на Стево Пендаровски од СДСМ, која се очекува да биде поднесена пред истекот на крајниот рок утре на полноќ. Неговата кандидатура треба да ја поддржат 20 пратеници. ДИК веднаш по приемот или најдоцна во рок од 48 часа на листата на кандидат утврдува дали таа е поднесена во утврдениот рок и составена во согласност со одредбите на Изборниот законик. Доколку ДИК утврди дека во листата има одредени неправилности, го повикува овластениот подносител, да ги отстрани во рок од 48 часа. Жрепката за утврдување на листата на кандидати за претседател ДИК ќе да ја одржи во понеделник на 17 март.  
Слично

Поврзани вести