НЕДОСТИГ ОД МАСЛО ЗА ЈАДЕЊЕ И ПУТЕР: Празни рафтови има и во Австрија
Празни полици има во супермаркетите во Австрија каде недостига масло за јадење и путер.
Ова се случува во големите трговски синџири, дисконтите, но и во помалите продавници. Поради војната во Украина, попречени се испораките до австриските продавници. Дополнително, дел од граѓаните прават залихи. Три четвртини од сончогледовото масло во светот доаѓа од Русија и Украина. Австрија лани од Украина увезла околу 19.484 тони маслодајни семиња. Маслата поскапеа за околу 13 отсто. Секаде во светот овие намирници поскапуваат. Поради војната во Украина, милиони луѓе во светот се во ризик да гладуваат, и ова посебно се однесува за Африка.
foto freepik.com
Слично
