Економија, финансии, бизнис

Контакт

Недостиг на масло за јадење и ограничувања има и во Европа

Недостиг на масло за јадење и ограничувања има и во Европа

Недостиг на масло за јадење има и во Европа. 

Супермаркетите во Британија ја ограничуваат продажбата на масло за јадење, откако залихите им се намалија поради војната во Украина.

„Вејтроус“ и „Морисонс“ ги ограничија купувачите на по две пакувања, додека „Теско“ дозволува три пакувања по купувач. Од британското здружение на трговците велат дека рестрикциите се привремена мерка за да се обезбедат залихи за секого. 

Најголем дел од сончогледовото масло во Британија доаѓа од Украина и прекинот на извозот поради руската инвазија предизвика недостиг и зголемена побарувачка за алтернативи.

На многу германски супермаркети моментално им недостига сончогледово масло и масло од репка. Со оглед дека испораките беа масовно ограничени со недели поради војната во Украина, цените на одредени видови храна растат. 

Податоците со кои располага „Фокус онлајн“,  покажуваат дека маслото што се уште го има во моментов е за 550 отсто поскапо од јануари.

Мекдоналдс донел одлука да ја смени смесата од масла кои се користат за подготовка на помфрит, односно да го намали уделот на сончогледовото масло. 

foto Twitter

Слично

Поврзани вести