Економија, финансии, бизнис

Контакт

Неделкова: Судиите да судат според Законите

Неделкова: Судиите да судат според Законите

Претседателката на Врховниот суд Лидија Неделкова денеска промовираше важен документ за независно судство во амфитеатар на Правниот факултет Јустинијан Први.

Промовирајќи ја така наречената Брионска изјава таа се осврна и на судството во земјава.

Од говорницата таа им порача на судиите да судат според Законите бидејќи, како што рече, само така може да се заштитат од влијанија.

„Нападите врз независното судство се повеќе се продалобочуваат, па токму преку оваа изјава и преку конкретни дејства, треба да се прати порака дека нема да се дозволи мешање и нарушување на независноста на судството. Довербата во судството е на стаклени нозе“, изјавила Неделкова.

Таа вели судиите се почесто се изложени на притисоци преку разни форми и начини.

„Судиите често се изложени на неофицијални влијанија и притисоци низ разни форми и начини – од носителите на политички функции кои посредно или непосредно може да влијаат на нивниот статус и кариера, од економски моќници, од непосредно заинтересирани поединци, посредници врз роднинска или колегијално-професионална основа“, појаснила таа.

Брионската изјава за начелата за независност на судството, Претседателката на Врховниот суд ја потпишала во октомври лани заедно со уште 22 претседатели на Врховни судови од земји од источна и централна Европа, со цел да се зајакне независноста на судството во овие држави, одговорноста на судиите, но и борбата против корупцијата во судовите.

Слично

Поврзани вести