Неделен љубовен хороскоп 14.12 – 20.12.2015
Овен
Во вторникот вие и вашиот партнер ќе уживате во извонредна комуникација меѓу вас. За оние од вас кои се уште не ја нашле љубовта, по петок постои веројатност канцелариската романтика да почне да се развива. Ве очекува силна хемија со колега.
Бик
Вие и вашиот партнер ќе уживате во љубовта која ја негивате еден кон друг. Во овој момент Венера се наоѓа во вашиот сектор на партнерството, кое ќе помогне за хармонизација на односите помеѓу вас и вашата сакана. Овој петок таа ќе застане во совршена позиција кон Нептун – планетата на безусловната љубов.
Близнаци
За оние од вас кои се во сериозна врска, оваа недела, акцентот ќе биде не толку кон романтиката, колку кон заедничките финансии. Има голема веројатност да одлучите да направите големи инвестиции заедно, како купување на дом. Сепак ќе се обидете да обрнете повеќе внимание на романтиката
Рак
Во оваа недела вие и партнерот ќе завршите некој проект, ќе донесете важна одлука или ќе решите проблем. Сето се развива во ваш интерес. Сексуалниот живот ќе го заземе својот врв, но не дозволувајте ситни пречки да ја расипат хармонијата меѓу вас.
Лав
Вашиот љубовен живот сигурно ќе биде поинтересен оваа недела. Во четврток врзаните претставници на зодијачкиот знак можат да поминат низ сложени ситуации. Потрудете се да не давате предност на негативните емоции. Потоа во петок, Месечината ќе биде во секторот на вашата романтика и ќе обезбеди прекрасна опција за вас и вашиот партнер за да се радувате на љубовта. Ако немате некој близок до себе, новата љубов може наскоро да пристигне во вашиот живот.
Девица
Меркур ќе влезе во вашиот сектор на вистинската љубов и ќе се задржите таму до први јануари. Ќе се забавувате и ќе успеете да се откриете еден на друг. За неврзаните има потенцијални изгледи за состанување. Можеби на некој ќе му се растрепери срцето.
Вага
Ќе имате чувство дека не може да сметате на партнерот, што ќе ве натера да мислите дека врската ви е веќе исцрпена. Дали партнерот има потреба од повеќе слобода? Дури и да не ви се допаѓа како омилениот човек избира да ја изрази својата индивидуалност, во некоја фаза од врската, можеби ќе треба да се најде начин да се справите со тоа.
Шкорпија
Љубовта е во воздухот! Овој петок, Венера ќе биде во совршен агол кон Нептун, ветувајќи прекрасна романса помеѓу вас и некој посебен човек. Бидејќи Венера сега е во вашиот знак, тоа ќе ве натера да се чувствувате попривлечни и посамоуверени од било кога. Уживајте во магијата!
Стрелец
Вашиот љубовен живот ќе биде сè, но не здодевен. Во четвртокот Марс ќе се спротивстави на Уран – планетата на ненадејниот хаос, која сега се наоѓа во вашиот сектор на романтиката. Тоа може да предизвика кај вас или партнерот да направите ненадејни дејства кои ќе ве изненадат еден друг. Можно е и да направите некој погрешен чекор, за кој во подоцнежна фаза ќе зажалите. За среќа Месечината во петок ќе ви помогне да бидете поразумни.
Јарец
Меркур е во вашиот знак и по среда ќе ви биде полесно да разговарате со партнерот. Радувајте се на хармонијата. За оние од вас кои бараат нова партнерка, во петок ќе има развој на односите со ваш близок пријател или познаник. Не заборавајте за социјалните настани, кои ја зголемуваат шансата за нова љубов.
Водолија
Комуникацијата со партнерот ќе биде деликатна оваа недела. Ќе имате желба да поразговарате стари, но не и заборавени прашања. Бидете внимателни и изнесете ја темата така, што омилениот човек нема да реагира негативно. Ако не можете да ги испеглате недоразбирањата, побарајте совет од семеен терапевт.
Риби
Хаос во комуникацијата со љубениот ќе има и за врзаните Риби. Избегнувајте ја дискусијата на теми поврзани со финансии, затоа што во оваа насока работите наскоро ќе се наредат. Наместо тоа, фокусирајте се на тоа како вашиот љубовен живот може да биде уште поубав
Слично
