Економија, финансии, бизнис

Контакт

Неделен хороскоп 30.05 – 05.06.2016

Неделен хороскоп 30.05 – 05.06.2016
Овен Доколку ја сакате вашата работа, но не го сакате шефот, околностите ќе се променат на неочекуван начин. Некои од вас ќе добијат подобри услови за работа, а тоа директно ќе се одрази на вашето задоволство во секојдневието. Можно е да ги намалите излегувањата, а повеќе време да поминувате дома со вашата сакана личност. Оние кои се сами, љубовта би можеле да ја најдат на многу неочекувани места. Бик Иако сте опкружени со многу луѓе, сепак сте индивидуалист. Многумина ќе ви побараат совет. А кому вие да му се пожалите? Мудро ќе влетате во нови работни потфати. Сфаќате дека нема што да изгубите. Кој ризикува и добива. Бидејќи не умеете на правилен начин да ја трошите енергијата можни се здравствени проблеми. Во љубовта ќе фантазирате за лице што постојано би ви дава нежност и внимание. Можеби тоа лице е во близина? Близнаци Барајте подршка од партнерот и од други луѓе. Не морате се сами да работите. Оваа недела е одличен период за тимска работа и нови планови. Ќе завршите со деловната соработка која не е доволно добра за вас и ќе започнете со нови проекти. Не го запоставувајте партнерот, посветете му поголемо внимание и покрај тоа што сте склони кон авантури. Рак Ќе ве мачат финансиите. Дел од вас ќе најдат нов, несекојдневен начин за заработка. Можеби тоа нема да биде легално, така што ќе мора да проверите што смеете, а што не смеете да направите. Ве очекуваат и работни патувања. Ќе станете поинтересни за спротивниот пол што ќе создаде многу шанси за вас. Поради тоа, оние кои се во потрага по сродна душа многу лесно ќе наидуваат на љубовни прилики и луѓе кои им се допаѓаат. Оние кои се во врска ќе бидат расположени за нежност и уживање. Лав Не претерувајте со своите барања од домашните. Потрудете се да се средоточите на средување на вашиот дом. Некои деловни работи на кои долго време работите, конечно ќе бидат завршени.  Оваа недела е мошне добра за соработка со колегите. Грижете се повеќе за вашето здравје. Имате проблем со хормоните и болки во грбот во овој период. Посетете доктор, превентивно. Девица Оваа недела можни се расправии со блиски луѓе. Не дозволувајте на било кој да ве испровоцира. Можна е караница со партнерот доколку сте во врска и внимавајте што кажувате. Слободните, можеби ќе стапите во контакт со личност која од порано ви се допаѓа. Во втората половина од неделата, посветете се на работа. Можен напредок, преку пријатели. Вага Пополека, состојбата кај вас се подобрува. Се чувствувате подобро отколку порано. Во првата половина на неделава, потрудете се поголемо внимание да му посветите на семејството. Купете некоја ситница за дома. Излезете во пресрет доколку некој побара услуга од вас. Од втората половина на неделата се очекува подобрување на емотивен план, можеби ќе се заљубите а веќе заљубените ќе уживаат во својата врска. Скорпија Дајте се од себе за повеќе време да бидете со семејството. Не зборувајте премногу, туку работете. Од нереализираните планови немате никаква корист. Не ги одлагајте обврските кои ги имате, затоа што порано или подоцна, ќе се соочите со финасиски минус. Можен е премор. Подобро соработувате со колешките отколку со личностите од машки пол. Стрелец Комуникативни сте. Оваа недела ќе се појават некои поранешни соработници со кои можете повторно да соработувате. Презадоволни сте со деловната ситуација и немате време за одмор. Доколку сте во емотивна врска, на партнерот приредете му некое изненадување, а доколку сте слободни, преку интернет или пријатели, можеби ќе запознаете некоја интересна личност. Јарец Задоволни сте со финансиската состојба. Се оди како што треба. Посветете се на работата и обврските. Не обрнувајте внимание на луѓето кои ви велат дека некои работи не можат да се реализирааат. Внимавајте повеќе на себе и се ќе биде во ред. Повеќе внимание на начинот на кој се храните. Водолија Имате проблеми со некои обврски кои не сте ги завршиле. Организирајте го подобро своето време. Размислувате дали е добро што некоја личност од вашето минато, повторно се враќа во вашиот живот, а можна е авантура. Зафатените, зборувајте со вашиот партнер за проблемите во врската. Не премолчувајте ништо. Во втората половина на неделата ќе се чувствувате многу подобро и нема да чувствувате притисок. Риби Дружете се повеќе, но не морате на сите се да им кажувате. Сочувајте нешто и за себе. Постојано се трудите на другите да им угодите, но понекогаш тоа е губење време. Не трошете многу пари на забави или на некои работи кои не ви се потребни. Можни се патувања, но пред тоа проверете ги документите, бидејќи се можни некои проблеми со нив (губење или кражбa).
Слично

Поврзани вести