Неделен хороскоп 29.02 – 06.03.2016
ОВЕН
Ќе се соочите со реалноста. Трезвено размислувате и јасно знаете што сакате, а воедно сте свесни за фактот поради кој не го остварувате тоа. Препреките кои сте ги имале ќе останат зад вас и ќе можете да се соочите со реалноста која е пред вас. Препуштете се на брановите на ентузијазмот и самите ќе се уверите дека сте го одбрале вистинскиот пат. Извонредно функционирате во тим, па очекувајте успех таму каде што се бара ваков начин на работа. Посветете си најмногу внимание на себе, настојувајте да се опоравите од стресовите и незгодите, почнете од денес, бидејќи ви треба подолго време. Штедете ја енергијата и избегнувајте расправии.
Во приватниот живот ситуацијата е вообичаена, без некои позначајни настани. Избегнувајте кавги со партнерот, бидете поискрени и само така ќе можете да ја зацврстите врската. Слободните ќе поставуаат високи критериуми кога избираат партнер. Можеби донекаде и сте во право. Семејството од вас ќе бара поголема присутност во домот.
БИК
Проблемите од минатата неделва премногу ве затворија во себе, па така неделава ќе сакате да се повлечете во себе се додека на некои од нив не им дојде крајот. Вашите идеали ве доведоа во незавидна положба, па сега преиспитувате дали да ги менувате нив или да вложите дополнителни напори за да ги достигнете. Односите со околината ви се доста нестабилни и крајно е време да се обидете да ја поправите таквата ситуација. Навистина во моментот треба да бидете потолерантни, а влегувањето во расправии без причина само може уште повеќе да ги разниша односите со соработниците.
Во љубовта ќе имате повеќе среќа. Вашиот партнер ве разбира, а тоа во моментот и најмногу ви треба. Слободните претставници имаат одлични шанси, и се обидуваат да ја најдат вистинската личност. Ако сте во брак ќе бидете помалку себични и ќе размислувате така како што вас во моментот ви одговара.
БЛИЗНАЦИ
Ќе имате желба за работа и успешно ќе ги извршувате работните задачи. Внимавајте сликата која ќе ја прикажувате неделава, може кај некои ваши колеги да не предизвика љубомора. Ќе имате многу деловни контакти и разговори и многу од нив ќе бидат усшешно завршени. Односите со околината ви се подобруваат и ова е добар момент да извршите важни разговори. Настојувајте да бидете брзи и искористете ја секоја прилика која ќе ви се укаже. Многу ќе ви користи движење, а кратките патувања ќе ви донесат голема корист и ќе ве освежат.
Не ќе можете да се воздржите и да ги контролирате вашите надојдени страсти. Ако немате партнер подгответе се, љубовта ќе дојде одненадеж. Некои од вас ќе наидат на семејни или емотивни проблеми, нема причина да ги занемарите, туку веднаш превземете ја работата во ваши раце. Вашата пренагласена активност може негативно да се одрази врз вашето здравје. Ве советуваме на умереност, урамнотежност на мислите и емоциите.
Слично
