Неделен хороскоп 27 06 – 03 07 2016
Овен
Со малку повеќе упорност ќе успеете да се справите со обврските на работното место. Бидете уверени и не ја потценувајте помошта, која ќе ви биде понудена. Заедничка работа со професионалец може да ве инспирира за нови идеи и проекти кои ветуваат доста брзо да се стабилизира финансиската состојба.
Бик
Премногу се оптроварувате со работи кои во овој момент не ви се достапни. Тоа кај вас предизвикува нервоза. Со тоа не само што можете да ги пореметите односите во средината во која живееете и работите, туки и себе си да си предизвикате здравствени проблеми. Паметно испланирајте ги и реализирајте ги вашите деловни акции. Совладајте ја нервозата и ќе ја спречите главоболката. Не се двоумете туку веднаш изберете некој од колегите кој може да ви помогне и разработете ја работата. Само на таков начин очекувајте дека ќе имате успех. Поставувате свои услови и брзо ќе забележите дека и другите ги прифаќаат.
Близнаци
Ситуацијата од вас бара трпение. Тоа за припадниците на овој знак е тешко, но ќе мора да се навикнат на тоа. На работното место ви се советува да се чувате од провокации и импулсивност. Во спротивно проблемите се неизбежни. Кога се работи за здравјето, нервозни сте па сето тоа уште повеќе ја влошува ситуацијата. Каде е тенко таму и се кине. Во љубовта на повидок е нова врска, но вие сте избирливи кога љубовта е во прашање. Лукаво ќе му пристапувате на овој проблем.
Рак
Неделава би било добро да се држите само на сигурните деловни стази и проверените контакти. Не бидете премногу сигурни во новите пријателства и не му се доверувајте секому. Некои од вас ќе се впуштат во нови деловни авантури и експерименти, но ве советуваме да бидете претпазливи во секој момент. Ќе ви се овозможи прилика за кратка осаменост, но не претерувајте во тоа. Ќе наидете на препреки во работењето доколку се занимавате со инателектуална работа. Бидете внимателни во вложувањето во ризични ситуации, бидејќи можете да дојдете до големи финансиски загуби.
Лав
Мислењето на другите неделава многу ќе делува врз вас. Можеби ќе се нервирате и ќе се карате поради плеткањето на другите во вашиот живот, но подобро е да се смирите и убаво размислете кого ќе го слушате, а кого ќе го игнорирате. Не обрнувајте внимание на ситните озборувања и подметнувања на работното место, бидејќи ги има доста, дури и оние кои ве сакаат и ви мислат само добро. Имате доста тешкотии и ќе морате да се откажете од нешто, но внимавајте од што. Вашата потреба за акција може да ви донесе и здраствени пречки.
Девица
Ве очекуваат доста новини во полето на работата, особено оние кои се занимаваат со интелектуална работа. На ова поле најдобро ќе ги извршувате работните задачи, највероватно поради добрата интуицијата и концентрацијата која неделава ќе доминира кај вас. Доколку работата ви е поврзана со повеќе луѓе, контактитете ќе ве измачуваат. Не влегувјте во непотребни расправии. Гледајте си ја вашата работа. Финансиската состојба и покрај сите очекувања, останува иста.
Слично
