Неделен хороскоп 25 07 – 31 07 2016
Овен
Ќе имате желба за работа и успешно ќе ги извршувате работните задачи. Внимавајте сликата која ќе ја прикажувате неделава, може кај некои ваши колеги да не предизвика љубомора. Ќе имате многу деловни контакти и разговори и многу од нив ќе бидат усшешно завршени. Односите со околината ви се подобруваат и ова е добар момент да извршите важни разговори. Настојувајте да бидете брзи и искористете ја секоја прилика која ќе ви се укаже. Многу ќе ви користи движење, а кратките патувања ќе ви донесат голема корист и ќе ве освежат. Бидете искрени и отворени. Храброст е ако умеете на вистински начин да ги изразите своите емотивни доблести или слабости.
Бик
Го барате најдобриот начин да одговорите на нечиј барања и да ги сочувате своите работни интереси, така што чувствувате дополнителен притисок. Непотребно се оптеретувате со некои службени-финансиски договори кои немаат пресудно значење на вашиот статус или понатамошниот тек на случувањата. Не дозволувајте малата загуба во материјална смисла да ве обесхрабри. Мудро почекајте на подобри услови. Делувате напнато во љубовниот однос, не го добивата вниманието кое го очекувате. Некој не посветува внимание на вашите желби или пораки. Партнерот најчесто ја спроведува својата волја и ви се чини дека полека се одалечува од заедничките планови. Проверете ги своите емотивни сомнежи на време и преземете иницијатива.
Близнаци
Упорно ги браните своите работни или стратешки интереси, така што ве очекуваат бројни пофалби и признанија на различни страни. Нема причина да правите работни компромиси, доколку тие не се во согласност со вашите морални начела и професионални манири. Ако некој се обидува да ве доведе пред свршен чин, одговорете на начин кој подразбира почитување на работните правила. Поради бројните обврски свесно пропуштате различни случувања во приватниот или љубовниот живот, партнерот ве опоменува на „грешките“ кои ги правите. Приметувате чести промени во расположението или необичното однесување кај саканиот(ата), но не увидувате вистинскии повод. Потребно е подобро взаемно разбирање и ново емотивно зближување.
Рак
Делувате задоволно и го давате својот максимум, но понекогаш работните случувања неочекувано излегуваат од контрола. Се обидувате да го усогласите различните итнересирања и да оставите добар впечаток на својата околина. Ве очекува успех во работите кои добро се вреднуваат и котираат меѓу соработниците. Поради тоа, здружете ги своите интереси со личност за која ве врзуваат слични идеи и позитивно искуство. Чувствувате голем занес и потреба да ја проверите својата љубовна среќа или нечија емотивна наклонетост. Во налетот на емотивна инспирација тешко поставувате граница помеѓу своите слободни фантазии и рамките на реалноста. Важно е дека чувствувате позитивен импулс. На повидок е и ново партнерство кое ќе ве заинтригира.
Лав
Добро сте информирани за новите можности на работната сцена и важно ви е да остварите низа на значајни цели. Се наоѓате во сјајна психо-физичка форма и со голем оптимизам го проценувате исходот во службените-финансиски преговори. Потребно е да придобиете нечија доверба, ве очекуваат и бројни повластици во односот со соработниците. Смислено го одложувате соочувањето со одредени дилеми во љубовниот живот, но некој ве опоменува на дадените ветувања. Нови изговори не можат да ве оправдаат пред блиската личност. Важно е да ги усогласите разумот и чувствата. Доколку сте слободни, ви престои ново познанство или неочекувана љубовна романса.
Девица
Посветете внимание на новите професионални можности, како би ги прошириле своето сознание и искуство од различни области. Нема причина да се залажувате дека моменталните резултати се вашиот работен максимум. Ако премногу се опуштите и препуштите работите да одат сами по својот тек, некој друг може да ве потисне од „првите работни редови“. Секој вид на лично усовршување претставува важен напредок. Светот колу себе го посматрате со поинакви очи и во ведри тонови, се чувствувате задоволно, спокојно или среќно во близина на саканиот(ата). Со својата појава или стил на изразување, привлекувате големо внимание и делувате сомнително на друштвото колу себе. Постои личност која ги поттикнува вашите емоции и фантазија.
Слично
