Економија, финансии, бизнис

Контакт

Неделен хороскоп 25 04 – 01 05 2016

Неделен хороскоп 25 04 – 01 05 2016
Овен Во текот на претстојната недела се се врти околу вас! Вашите желби и интереси ќе бидат во центарот на вниманието на блиските личности. Па дури нема да има потреба премногу да се трудите околу луѓето кои сакате да ги привлечете или да ги задржите во својот живот. Тие ќе доаѓаат сами, привлечени од вашата насмевка и топлите емоции. Одредена личност ќе ви биде од голема помош, а посебно ако решавате некој важен личен проблем, спор или нешто слично. Самците ги очекуваат интересни случувања и потенцијално ново познанство. После неколку средби и значајни погледи, првиот контакт ќе биде посебно интересен и интригантен за двајцата. Бик Можеби сè уште нема да ја видите предноста на новата фаза во која што влегувате, но ќе ја почувствувате. Интуицијата ќе ви биде главен водич во работата во текот на оваа седмица. Ако се двоумите, само застанете и внимателно слушајте го внатрешниот глас. Најмногу ќе ви одговара мир и повлеченост. Многумина времето ќе го поминуваат во сопствениот дом, а ако саканата личност е со нив, уште подобро. Близнаци Сѐ уште постојат мали задачи кои морате да ги завршите. Во дел од нив, вие ќе ја пропуштите главната работа, бидејќи целите не ви се сосема јасно. Сепак, обидете се да чекорите сигурно со сигурни потези, затоа што навистина немате потреба да се задлабочувате. Нема да постојат многу интересни работи за вас оваа недела, но вашиот љубовен живот и натаму ќе биде квалитетен. Рак Вашиот труд ќе биде препознатлив и вие ќе добиете на цена. Понекогаш ќе имате чувство дека премногу ве истакнуваат. Скромноста и некој вид срамежливост кои се ваша одлика ќе бидат за пример во овие кризни времиња. Ќе работите вредно и без премногу прашања. Веројатно ќе продолжат нејасностите во вашиот приватен живот. Најдобро ќе се чувствуваат тие што немаат никакви обврски. Лав Оваа недела ќе биде многу интересна кога се во прашање вашите финансии и имот. Можни се неочекувани позитивни можности и шанси за подобрување на материјалните прашања и заработувањето. Но, од друга страна ќе морате да одржувате низок профил, без оглед на тоа колку се чувствувате фрустрирано. Немојте да им дозволувате на некои луѓе да ги притискаат вашите чувствителни копчиња со нивните зајадливи коментари. Ако не застанете во своја одбрана, многу е лесно некој да ви ја префрли одговорноста. Барајте креативни начини да окупирате своето внимание, или поминувајте повеќе време со личностите кои ги сакате. Девица Очекувајте различни можности за соработка со странци и шанси за профитирање од нив. Ќе истражувате, ќе учите, ќе патувате, ќе го ширите вашиот живот. Многумина од вас ќе покажат интерес да ја проучуваат метафизиката, езотеријата или филозофијата.  Потребата за интимност кај вас ќе зајакне. Затоа многумина кои што веќе имаат партнер со задоволство ќе се повлечат во својот дом и таму тивко ќе уживаат во пар. Вага Доколку ја сакате вашата работа, но не го сакате опкружувањето, околностите ќе се променат на неочекуван начин. Некои од вас ќе добијат подобри услови за работа, а тоа директно ќе се одрази на вашето задоволство во секојдневието. Можно е да ги намалите излегувањата, а повеќе време да поминувате дома со вашата сакана личност. Оние кои се сами, љубовта би можеле да ја најдат на многу неочекувани места. Скорпија Ќе ве мачат финансиите. Дел од вас ќе најдат нов, несекојдневен начин за заработка. Можеби тоа нема да биде легално, така што ќе мора да проверите што смеете, а што не смеете да направите. Ве очекуваат и работни патувања. Ќе станете поинтересни за спротивниот пол што ќе создаде многу шанси за вас. Поради тоа, оние кои се во потрага по сродна душа многу лесно ќе наидуваат на љубовни прилики и луѓе кои им се допаѓаат. Оние кои се во врска ќе бидат расположени за нежност и уживање. Стрелец И покрај фактот дека некои од вас премногу сериозно гледаат на своојата животна ситуација и имаат потешкотија да ја подигнат својата креативност, сепак оваа недела би можела да биде многу поучна, па дури и забавна. Доволно ќе биде само да ги избегнувате аргументирањата кои не водат никаде и ве држат во инертна точка. Од друга страна, ова е одличен период за здружување и унапредување на односите со вашите соработници; треба да бидете повеќе интерактивни и иновативни. Јарец Луѓето со кои соработувате на работа, би можеле да ве изненадат со некој нов и неочекуван предлог. Во прв момент нема да знаете како да се поставите, но тие сами ќе ви дадат идеја што понатаму да направите. Само слушајте ги внимателно. Венера оваа недела ќе донесе продлабочување на конфликтите и дистанца во вашите лични односи. Веројатно повеќе ќе бидете посветени на себеси или ќе ги намалите своите љубовни очекувања. Но, тоа ќе биде добро за лично преиспитување. Водолија Ова ќе биде напорна недела во која можете да добиете неколку работни понуди. Вие ќе сакате своите идеи да ги реализирате и во најдобра можна ситуација вие ќе успеете да се ангажирате на две работи, од кои едната ќе биде многу подобро платена ама бара повеќе работа. Со партнерот можни се конфликти поради бесмислени трачеви отстрана. Не обрнувајте премногу внимание на гласините. Риби Луѓето со кои соработувате на работа, би можеле да ве изненадат со некој нов и неочекуван предлог. Во прв момент нема да знаете како да се поставите, но тие сами ќе ви дадат идеја што понатаму да направите. Само слушајте ги внимателно. Ќе дојде до делумно подобрување на вашиот приватен живот, но и понатаму постои можноста за провокации, па и конфликти кои би можеле да ве извадат од рамнотежа. Затоа, не се залетувајте. Бидете трпеливи и негувајте го она што го имате.
Слично

Поврзани вести