Економија, финансии, бизнис

Контакт

Неделен хороскоп (23.11 – 29.11.2015)

Неделен хороскоп (23.11 – 29.11.2015)
  ОВЕН Се уште не сте подготвени да ги отпуштите работите и да продолжите понатаму, ама нема да можете ни да ги оставите работите такви какви што се. Ќе имате чувство дека се вртите во круг и не знаете што да направите. Можеби треба да поразговарате со некоја личност која не е вклучена во конкретните ситуации. Во исто време, околностите ќе ве поттикнат во својата љубовна ситуација да пристапите на поиннаков начин, да побарате компромис, да простите некои дела, а можеби некои од вас ќе дојдат до заклучок дека е дојден моментот за прекин на односот. Ќе успеете да соберете доволно сила и јасно да го кажете тоа што го мислите. Можеби ќе се изненадите, но вашите блиски ќе ја ценат вашата одлучност и решителност. БИК Дел од тензијата доаѓа од исчекувањето на одредени промени. Но некои работи веќе се очигледни, па останува само да се прилагодите на новите околности. Работите се уште не се готови, партнерите се уште не се стабилизирани, а вашето вреднување на работите постојано се менува. Ќе биде потребно да надминете уште неколку пречки. А многу важен дел од тоа е подготвеноста да се напушти минатото и да се донесе цврста одлука за приземјување во сегашноста. Едно е да се отпуштат работите, но подготвеноста да се прифатат е нешто сосема друго. Се додека не го направите тоа, работите нема да бидат готови. БЛИЗНАЦИ Ќе бидете малку збунети и често ќе наидувате на сложени ситуации, во кои нема да знаете како да пристапите. Добро е тоа што некои важни личности ќе ве поддржат, а тоа ќе ви ја даде неопходната емосионална сила и ќе ве насочи на практичните цели. Во текот на претстојната недела ќе бидете нагласено чувствителни и имате зголемени потреби за љубов и нежност, но околностите ќе барат повеќе да се изложувате на јавно око, да водите различни преговори и да донесувате одлуки, за кои многу добро знаете дека нема да ви донесат ништо добро; aма авторитетите ќе бидат категорични и ќе инсистираат на тоа. РАК Ако некои луѓе ве заплашуваат, најдобро би било да ги избегнувате. Во исто време обидете се да не се инволвирате во некои драматични или возбудувачки ситуации. Ова е време кога и безначајните недоразбирања имаат капацитет да се претворат во немилосрдни битки. Во овој момент најдоброто е да се повлечете и да почекате енергиите да стивнат. Од друга страна пак, ако подолго време планирате да внесете некакви промени, сега е вистинскиот момент кога треба да го направите тоа. Единствено ќе биде потребно да внимавате и да не го предизвикувате вниманието на другите. ЛАВ Ако имате потреба да ги израмните сметките и да го возвратите ударот, понекогаш е подобро да оставите некој друг да ја бие битката наместо вас. Некој што е помудар и поискусен во конкретната проблематика, и го познава јазикот на ангажманот. Од ваша страна ќе биде доволно да сфатите од што треба да се ослободите или што треба да прифатите, за да можете да продолжите понатаму со својот живот. Постојат неколку работи над кои немате никаква контрола; па ако не може да се направи ништо во одредената ситуација, најдобро би било да продолжите понатаму. ДЕВИЦА Со цел да бидете во чекор со промените кои се случуваат во вашиот живот, прво ќе морате да го надминете внатрешниот конфликт и категорично да донесете одлука. Кога одредена ситуација е созреана, промената настапува самата по себе и не можете да направите ништо во врска со тоа. Но, бидете свесни дека иако овие промени ви изгледаат како да ви се наметнати од надвор, тие се неизбежна последица на растот и развојот. Предизвикот е да го искажете со зборови тоа што го сметате за вистина и да бидете способни да направите разлика помеѓу вашите верувања за стварноста и реалната стварност. ВАГА Некои луѓе понекогаш едноставно знаат да бидат нестабилни и полни со омраза, па ако е возможно најдобро е да ги избегнувате. Сигурно не би сакале да застанете на нивниот пат, или да се спуштите на нивното ниво. Фокусирајте се на иднината и на потенцијалните можности кои ве очекуваат. Напуштете го минатото и не си дозволувајте да бидете вовлечени во некакви дебати и дискусии, па дури и ако тоа значи да стоите сами и да ја следите својата патека. Време е да се запрашате себеси: „ Што добивам јас од ова?“ СКОРПИЈА Ова е недела на активност и иницијатива. Сето она што се обидувавте да го игнорирате или да го ставите настрана, не може повеќе да биде игнорирано. Времето е за промени! Но сепак немојте да ги прибрзувате работите и дозволете им спонтано да се развиваат. Постои една стара поговорка која совршено одговара на актуелнитре астролошки трендови, таа вели: „Колку побрзо ќе одам, толку повеќе ќе заостанам“. Тоа едноставно значи да си обезбедите доволно време при донесувањето на важните одлуки. Ако сте способни правилно да ја канализирате енергијата, оваа недела би можела да се покаже како многу продуктивна. СТРЕЛЕЦ Кога сте вие во прашање, не постојат многу работи кои би можеле да ве спречат или одвратат од зацртаните цели, а посебно во моментите кога работите се зовриени. Со целата оваа огнена енергија која е присутна во текот на претстојните денови, ќе биде тешко да се задржите на едно место. Најважно е да внимавате на сите акции и одлуки кои би можеле да донесат долгорочни последици. Па, дури и ако се работи само за голема болка во мускулите по напорното вежбање, затоа што сите знаеме колку сте опсесирани со вежбањето. Сепак, во споредба со другите знаци, се чини дека вие сте во подобра позиција. Па затоа, опуштете се и забавувајте се. Само запомнете дека ќе морате да ја платите сметката за секој изустен рзбор или дело. ЈАРЕЦ Вие сте еден од главните актери во претстојната недела и можеби ќе имате впечаток дека сте во улога на спроведувач или „извршител“; а посебно ако некои лица или ситуации излезат од контрола. Постојат само некои работи кои не треба да се земат во предвид; работите за кои сте работеле напорно за да ги стекнете и изградите. Ќе биде доволно само да помислите дека работите ви бегаат од раце, за да ве фати паника и несигурност. Почекајте малку, бидејќи не е паметно сега да ја изгубите контролата. Доаѓаат многу подобри времиња кога работите ќе бидат во ваша корист. За сега е најдобро да бидете воздржани и трпеливи. ВОДОЛИЈА Навистина е неверојатно како и малите, безначајни недоразбирања имаат капацитет да предизвикаат големи бранувања. Зборовите можат да имаат голема моќ – да повредат или да излекуваат. Ова е особено важно во работите кои би можеле да ескалираат брзо и непредвидливо. Со сите овие „гневни“ планети, никогаш не можеме да ги предвидиме реакциите на луѓето, па затоа е мудро да бидете претпазливи и одмерени. Вашиот совладетел Сатурн полека го забавува своето движење, па сите прашања кои вклучуваат некакви ограничувања и забрани, почнуваат да се враќаат на дневен ред. Се чини дека е добра идејата да ги спуштите сидрата и убаво да се зацврстите. РИБИ На некој специфичен начин ќе имате чувство дека работите се одвиваат премногу брзо, а во одредене моменти премногу бавно. Иако мислите дека одите еден чекор напред два назад, сепак немојте да ги прибрзувате работите. Постојат правила на пристојност кои треба да се почитувааат; па дури и ако тоа значи да се преправате дека се придржувате на нив. Во следните денови треба да се грижите за јавното мнение и надворешната репутација. Насочете ја целата достапна енергија во вашата работа- тоа ќе ви се исплати!
Слично

Поврзани вести