Економија, финансии, бизнис

Контакт

Неделен хороскоп 22 08 – 28 08 2016

Неделен хороскоп 22 08 – 28 08 2016
Овен Доколку ја сакате вашата работа, но не го сакате шефот, околностите ќе се променат на неочекуван начин. Некои од вас ќе добијат подобри услови за работа, а тоа директно ќе се одрази на вашето задоволство во секојдневието. Можно е да ги намалите излегувањата, а повеќе време да поминувате дома со вашата сакана личност. Оние кои се сами, љубовта би можеле да ја најдат на многу неочекувани места. Бик Луѓето со кои соработувате на работа, би можеле да ве изненадат со некој нов и неочекуван предлог. Во прв момент нема да знаете како да се поставите, но тие сами ќе ви дадат идеја што понатаму да направите. Само слушајте ги внимателно. Венера оваа недела ќе донесе продлабочување на конфликтите и дистанца во вашите лични односи. Веројатно повеќе ќе бидете посветени на себеси или ќе ги намалите своите љубовни очекувања. Но, тоа ќе биде добро за лично преиспитување. Близнаци Барајте подршка од партнерот и од други луѓе. Не морате се сами да работите. Оваа недела е одличен период за тимска работа и нови планови. Ќе завршите со деловната соработка која не е доволно добра за вас и ќе започнете со нови проекти. Не го запоставувајте партнерот, посветете му поголемо внимание и покрај тоа што сте склони кон авантури. Рак Ќе ве мачат финансиите. Дел од вас ќе најдат нов, несекојдневен начин за заработка. Можеби тоа нема да биде легално, така што ќе мора да проверите што смеете, а што не смеете да направите. Ве очекуваат и работни патувања. Ќе станете поинтересни за спротивниот пол што ќе создаде многу шанси за вас. Поради тоа, оние кои се во потрага по сродна душа многу лесно ќе наидуваат на љубовни прилики и луѓе кои им се допаѓаат. Оние кои се во врска ќе бидат расположени за нежност и уживање. Лав Не претерувајте со своите барања од домашните. Потрудете се да се средоточите на средување на вашиот дом. Некои деловни работи на кои долго време работите, конечно ќе бидат завршени.  Оваа недела е мошне добра за соработка со колегите. Грижете се повеќе за вашето здравје. Имате проблем со хормоните и болки во грбот во овој период. Посетете доктор, превентивно. Девица Оваа недела можни се расправии со блиски луѓе. Не дозволувајте на било кој да ве испровоцира. Можна е караница со партнерот доколку сте во врска и внимавајте што кажувате. Слободните, можеби ќе стапите во контакт со личност која од порано ви се допаѓа. Во втората половина од неделата, посветете се на работа. Можен напредок, преку пријатели.
Слично

Поврзани вести