Неделен хороскоп 20 06 – 26 06 2016
Овен
Ќе ве мачат финансиите. Дел од вас ќе најдат нов, несекојдневен начин за заработка. Можеби тоа нема да биде легално, така што ќе мора да проверите што смеете, а што не смеете да направите. Ве очекуваат и работни патувања. Ќе станете поинтересни за спротивниот пол што ќе создаде многу шанси за вас. Поради тоа, оние кои се во потрага по сродна душа многу лесно ќе наидуваат на љубовни прилики и луѓе кои им се допаѓаат. Оние кои се во врска ќе бидат расположени за нежност и уживање.
Бик
Ќе имате желба за работа и успешно ќе ги извршувате работните задачи. Внимавајте сликата која ќе ја прикажувате неделава, може кај некои ваши колеги да не предизвика љубомора. Ќе имате многу деловни контакти и разговори и многу од нив ќе бидат усшешно завршени. Односите со околината ви се подобруваат и ова е добар момент да извршите важни разговори. Настојувајте да бидете брзи и искористете ја секоја прилика која ќе ви се укаже. Многу ќе ви користи движење, а кратките патувања ќе ви донесат голема корист и ќе ве освежат.
Близнаци
Ќе делувате многу импулсивно и избрзано пред другите, а често и пред себе. Чуствувате дека се околу вас е некако заспано, а вас тоа толку многу ве нервира и ве вади од такт, па можеби и ќе влегувате во поголеми распраии со околината. Навистина ви е потребен мир, а ако имата шанса за некое деловно патување не ја препуштајте. Доколку сте во можност оддложете го решавањето на некој важен проблем за во друга прилика. Можеби ќе ви се појават компликации, па ќе бидете принудени да реагирате.
Рак
Доколку ја сакате вашата работа, но не го сакате шефот, околностите ќе се променат на неочекуван начин. Некои од вас ќе добијат подобри услови за работа, а тоа директно ќе се одрази на вашето задоволство во секојдневието. Можно е да ги намалите излегувањата, а повеќе време да поминувате дома со вашата сакана личност. Оние кои се сами, љубовта би можеле да ја најдат на многу неочекувани места.
Лав
Планетарните положби би можеледа ве соочат со некои промени, кои потенцијало се поврзани со домот и приватноста. Со влегувањето на Марс во Стрелец, вашите желби и страсти ќе се разгорат, а вие ќе бидете инспирирани да внесувате позитивни промени и отстапки во името на некои повисоки цели. Но, се чини дека во почетокот ќе бидете малку фрустрирани кога ќе сфатите дека некои примарни личности од вашиот живот не ги споделуваат вашите гледишта и ставови. Не им дозволувајте на некои личности премногу да ви се мешаат во вашите планови и останете доследни на себе.
Девица
Моменталната ситуација од вас бара одлучно делување и прилагодување на новите животни прилики и многу брзи реакции. Во работата вложувате додатен напор, но тоа ќе ви се ислати. Само продолжете со ова темпо. Послушајте ги советите од страна. Во односите со соработиците ќе морате да бидете потрпеливи ако сакате добра соработка. Пријателите можат да ви подарат пријатни моменти и радост и нема да згрешите ако ги прифатите понудите за поинтензивно дружење со нив.
Слично
