Неделен хороскоп 18.07 – 24.07.2016
Овен
Ќе почувствувате стимул, повеќе ќе бидете заинтересирани за друштвени активности и остварување нови контакти со личности од спротивниот пол. На другите ќе им биде полесно да ги видат вашите позитивни страни и да одговорат на вашите сигнали. Време е да се опуштите, да се исправите и да продолжите таму каде што застанавте. Од друга страна, на работен план ќе ви се укаже прилика за промоција и напредок. Во тоа ќе ви помогнат пријателите, роднините на саканата личност, ама и познаниците кои сте ги стекнале во текот на животот. Кон крајот на неделата ќе сфатите дека ништо не е случајно и дека се`си доаѓа на свое место.
Бик
Потребна ви е голема волја и енергија да вложувате за да можете да ги завршите работите навреме. Многу работа, недоразбирања со колегите и претпоставените ќе бидат главна карактеристика во овој период. Бидете потолеранти и не навлегувате во ситници и непотребни расправии. Не превземајте ништо и едноставно оставете ги работите сами на себе. Ќе бидете многу чуствителни на надворешните влијанија и туѓите мислења. Во една таква состојба лесно можете да се загубите. Некои од вас ќе бидат окупирани со нови идеи. Од некого ќе добиете корисен совет или ќе бидете личност која ќе треба да помогне на другите.
Близнаци
Ќе бидете многу чуствителни на зборовите кои ќе ги чуете од околината. Некои од вас во таквата состојба ќе се загубат. Можеби ќе добиете и по некој корисен совет од повозрасна личност. Прифатете го без предрасуди. Не се расплинувајте на неважни работи, особено не на измислени здраствени проблеми. Обидете се повеѓе да се концентрирате и да се посветите на работата, бидејќи доста сте заостанале со се и сешто, а тоа би можело да предизвика бес кај вашиот шеф или пак членовите од семејството. Тоа навистина во моментот не ви е потребно.
Рак
Планирате подобрување на интериерот во домот, а за тоа ќе очекувате подршка од целото семејство. За жал сите ќе се оправдаат со некои свои обврски, така да на работа ќе мора да се препуштите самите. Не се грижете ќе имате доволно енергија да направите голема работа. Наградата нема да изостане. Ќе ги обновите контактите со некои луѓе и ќе успеете да воспоставите нови релации со личности на кои порано неможевте да му се доближите. Со малку тактичност и дипломатија ќе го постигнете посакуваното.
Лав
Тешкотии во комуникациите ќе имате се помалку. Подобрување очекувајте на секој план. Ќе бидете добро расположени, а добро ќе се снаоѓате со претпоставените. Сеуште може да ве погоди некој мал стрес, но без некоја голема тежина. Добро ви се аспектирани долгорочните планови и големите купо-продажби. Добро би било ако на ова поле посветите повеќе внимание. Амбициозните потфати исто така ќе бидат успешни. Вашите способности, особено кога е во прашање започнување на некој потфат ќе дојдат до израз ако се наоѓате на некое раководно место или ако планирате да започнете нов бизнис. Ако работите во некоја затворена установа ве очекуваат унапредувања.
Девица
Ситуацијата на работното место ви е прилично заплеткана. Бидете пофлексибилни така полесно ќе стигнете до целта. Решението ќе го најдите ако ја надмините расеаноста и се потрудите проблемите да ги решавате посмирено. Некои работи што во минатиот период ве измачувале неделава од нив ќе се ослободите, па со голема недеж ќе гледате за понатаму. За тоа имате доволно оправдани причини, бидејќи за тоа на време сте се избориле. Финансиската состојба значително ќе ви се подобри и тоа повеќе од очекуваното.
Слично
