Економија, финансии, бизнис

Контакт

Неделен хороскоп – (16.11 – 22.11.2015)

Неделен хороскоп – (16.11 – 22.11.2015)
  Што ви препорачуваат ѕвездите и астрологијата за оваа недела? ОВЕН Оваа недела ќе се засили чувствителноста на озборувањата. За жал, ќе слушнете многу непријатни работи за вас. Обидете да извлечете поука од ова. Односите со партнерот/ката ќе бидат одлични. На работното место ќе бидете затрупани од задачи, кои нема да може да ги префрлете на некој ваш колега. Нептун ве советува да издржете пред искушението да купите некоја убава, но непотребна работа. БИК Ја започнувате оваа недела со многу детерминираност и амбиција. Всушност, дискусиите со одредена повозрасна личност или партнерот ќе се одвиваат на многу добар начин и ќе изнаоѓате важни долгорочни решенија. Кон средината на неделата очекувајте позитивни финансиски пресврти и изненадувања, како и прекрасни интимни моменти. Новите одлуки и неочекуваниот пресврт, ќе ги сврти работите во ваша корист. Што и да се случи, дејствувајте брзо, бидејќи околностите ќе се менуваат. БЛИЗНАЦИ Односите со блиските не се многу добри. Јупитер ќе се обиде да ви покаже кој е правилниот пат за злижување со блиските. Не влегувајте во конфронтации бидејќи нема да добиете ништо. На работното место ќе биде многу монотоно и се што правите ќе ви изгледа безсмислено. Ако работата не ве исполнува, побарајте нова. Не стравувајте од промените. Ќе имате приходи но обидете се да зачувате нешто. РАК Не е лошо да зборувате, но не зборувајте премногу бидејќи повеќето работи е подобро да се случат спонтано. Пуштите ја вашата љубовна врска да се развива сосема природно и без премногу анализи. За нив секогаш ќе имате и време понатаму. Едноставно уживајте. Соработниците ќе бидат сосем јасни во своите намери. Можни се тензии онаму кадешто најмалку сте се надевале. Ова тешко ќе ви падне, но сепак ќе морате да го прифатите тоа што се нуди и да се прилагодите најдобро какошто знаете. ЛАВ Венера ве советува оваа недела да вложете повеќе напори за да ја подобрите состојбата. Не губете го трпението. Кон крајот на неделата ќе постигнете душевно спокојство. Работната недела ќе биде одлична. Со што и да се зафатите ќе најдете начин за постигнување оптимални резултати. Марс ќе се погрижи да не останете без пари. ДЕВИЦА Ако сте во долга врска, ќе имате потреба за повеќе движење. На вашата најдрага личност тоа не мора и секој пат да и се допадне, па затоа потрудете се да ја поведете со себе или да и ја објасните својата потреба за дружба. Осамените девици лесно ќе си наоѓаат партнер, но нема и долго да го задржат. Највероватно оваа недела ќе дојде до затеснување на комуникацијата со вашите соработници. На која страна ќе се помери вагата уште ќе биде рано да се каже. Ќе ви требаат повеќе нерви. Не коментирајте за нешто што не ве засега. Подобро стрпете се. ВАГА Ќе бидете насочени кон подобрување на работите во својот дом или местото на живеење, па дури и ќе решавате некои важни прашања кои се поврзани со семејната структура. Легалните прашања и деталите ќе го окупираат целото ваше внимание. Веќе кон средината на неделата импулсивно ќе се решавате на некакви кратки патувања, ќе се впуштате во интересни разговори со другите, ќе одите на нови места, ќе среќавате нови лица, а вашето секојдневие ќе биде збогатено со искуства. За викендот чувајте се од непотребни конфликти и избегнувајте комплексни личности. СКОРПИЈА Ќе бидете непопустливи во дискусиите кои се поврзани со работата. Сите работи ќе ги доживувате сериозно, а неодговорноста на другите ќе ви пречи. Веќе кон средината на неделата ќе добиете интересни вести или ќе имате неочекувани финансиски подобрувања. Можеби ќе добиете потврден одговор за некои предлози. Во секој случај ќе почувствувате позитивен ветер во вашиот грб. Како резултат на зголемената верба во животот, ќе бидете подготвени на посмели чекори и одлуки. Чувајте ги вашите добри идеи, затоа што во текот на викендот, околностите ќе се променат. СТРЕЛЕЦ Обземеноста од другата страна ќе биде преголема, а вие ќе бидете спремни да се борите за вас двајца до крај. Оние коишто имаат стабилни врски ќе гледаат секој момент да им биде исполнет, но и организиран. Оние коишто сеуште бараат сродна душа, ќе бидат поупорни во додворувањето. Нема да бидете задоволни со приходите и ќе мислите дека можете да успеете многу повеќе. Ќе имате ограничувања од надворешни фактори и сега за сега никој нема да може да ги убрза работите. Согледајте ги работите реално и водете се од тоа. Ќе видите дека на крајот има излез. ЈАРЕЦ Во текот на оваа недела треба да бидете свесни и промислени, бидејќи односите на партнерско ниво ќе бараат повеќе трпение и разбирање. Можна е расеаност, нефокусираност, интензивирани емоционални состојби, а не се исклучени и стресните ситуации кои ќе го тестираат прагот на вашата толеранција. Ќе биде потребно да внесувате повеќе рамнотежа во примарните односи и да се трудите да ги разбирате состојбите низ кои поминува партнерот. Се разбира дека треба да внимавате на вашите зборови и дела. Со малку свесно залагање, работите многу лесно би можеле да тргнат во вистинската насока. ВОДОЛИЈА Некои водовии повремено ќе се чувствуваат осамено. Најдобро за вас ќе биде да се примирите и да се повлечете малку време во тишина и медитација. Своите очекувања формирајте ги во однос на моменталните случувања, па така и тие би биле поскромни. Сепак ќе ви се случуваат и некои убави работи. Затоа отворете се повеќе. Ќе ви созрее една идеа за работа за која ќе треба да се потрудите повеќе , но вие сте потполно предани и спремни да навлезете во тоа. Ќе започнете некои работи кои можеби нема веднаш да ви дадат резултати, но ќе бидете на добар пат. Ќе ви помогнат и некои стручни луѓе кои би можеле да имаат влијание на се. РИБИ Луѓето од вашата околина би можеле да ве доживеат како мал диктатор во првите неколку дена од неделата, а посебно во групните активности. Ќе бидете подготвени целосно да се вложите за постигнување на вашите цели. Ќе бидете поддржани од авторитетните фигури и сите ќе бидат свесни за вашите доблести. Кон средината на неделата ќе имате важни љубовни и емотивни случувања, а односот со партнерот ќе се развива во нагорна линија. Некои од вас можеби ќе се чувствуваат ослободени од некоја непријатна ситуација и ќе бидат задоволни од развојот на настаните. Го привлекувате вниманието на другите, па затоа би требало повеќе да внимавате на вашите постапки.
Слично

Поврзани вести