Економија, финансии, бизнис

Контакт

Неделен хороскоп 16.05 – 22.05.2016

Неделен хороскоп 16.05 – 22.05.2016
Овен Искористете го периодот за завршување на поважните работи, бидејќи енергијата ви е на високо ниво. Ќе работите промислено и сигурно без да се двоумите. Ќе поминете лесно во избегнувањето на обврските, па ќе можете да се зафатите со приватни работи. Во комуникациите ќе ви биде потребна дискретност, бидејќи преголемата импулсивност може да го промени мислењето кај некои луѓе од кои зависи вашата иднина. Прифатете го мислењето на мнозинството за некои спорни случувања. Нема потреба да спречувате нечие влијание или да се издвојувате од групата на соработници. Во сентименталните односи ситуацијата е одлична. Обрнете внимание на искажаните зборови, особено на пораката која се крие помеѓу редовите и возвратете ја љубовта. Бик Проблемите од минатата недела премногу ве затворија во себе, па така неделава ќе сакате да се повлечете во себе се додека на некои од нив не им дојде крајот. Вашите идеали ве доведоа во незавидна положба, па сега преиспитувате дали да ги менувате нив или да вложите дополнителни напори за да ги достигнете. Односите со околината ви се доста нестабилни и крајно време е да се обидете да ја поправите таквата ситуација. Навистина во моментот треба да бидете потолерантни, а влегувањето во расправии без причина само може уште повеќе да ги разниша односите со соработниците. Во љубовта ќе имате повеќе среќа. Слободните претставници имаат одлични шанси да ја најдат вистинската личност. Ако сте во брак ќе бидете по малку себични. Близнаци За вас, ова е период во кој треба да ги избегнувате непотребните ризици. Најдете се во активностите, каде се чувствувате сигурни. Креативниот момент е нагласен па така ќе воведете некои новини во работата. Финансиите се подобруваат. Успех им следи на тие кои работат со трговија. Избегнувајте соработки со роднини и внимавајте за кои пријатели ќе се жртвувате во овој период. Рак Можеби ќе чувствувате потреба да застанете во одбрана на вашите идеи, убедувања и ставови. Ќе имате впечаток дека другите не се согласуваат со вашиот светоглед, но навистина е тешко да се обидувате да ги менувате туѓите емоции и чувства, а посебно ако тие се вградени во камен. Ако се обидувате да го направите токму тоа, ќе станете фрустрирани и анксиозни. Мудро би било да се фокусирајте на личностите кои ги споделуваат вашите ставови и гледишта. Од никаде би можеле да се појават некои радикални и прогресивни нови идеи. Од друга страна, можете да очекувате подобрувања на материјално и практично ниво. Лав Ако успеете да ја контролирате вашата енергија, а се разбира и ако имате време; обидете се да се социјализирате со некои прогресивни личности, кои ќе ве инспирираат да гледате на светот на нов и поинаков начин. Оваа недела е одлична за интервју, консултација, барање совет или решавање на некои проблеми во односите со другите луѓе. Размислувајте спонтано и импровизирајте. Никогаш не можете да знаете што можете да откриете во взаемните конверзации и интеракции. Вие сте непроменлив знак (заедно со Бикот, Скорпијата и Водолијата), па затоа станувате многу нервозни кога не можете да ја контролирате ситуацијата. Се чини дека во последно време не можете да си го дозволите тој луксуз. Девица По периодот во кој бевте пасивни, се појавуваат нови предизвици. Вие ја гледате вашата шанса. Колегите ви префрлаат дека сте невнимателни и арогантни а вие всушност сте замислени. Внимавајте на тие ситуации. Бидете внимателни со финансиските трансакции и не ви се советува да земете поголеми заеми или кредити. Некое планирано патување можете да го одложите. Секако нема да ви биде лошо, затоа што набрзо работите доаѓаат на свое место.
Слично

Поврзани вести