Економија, финансии, бизнис

Контакт

Неделен хороскоп 15.08 – 21.08.2016

Неделен хороскоп 15.08 – 21.08.2016
Овен Проблемите од минатата недела премногу ве затворија во себе, па така неделава ќе сакате да се повлечете во себе се додека на некои од нив не им дојде крајот. Вашите идеали ве доведоа во незавидна положба, па сега преиспитувате дали да ги менувате нив или да вложите дополнителни напори за да ги достигнете. Односите со околината ви се доста нестабилни и крајно е време да се обидете да ја поправите таквата ситуација. Навистина во моментот треба да бидете потолерантни, а влегувањето во расправии без причина само може уште повеќе да ги разниша односите со соработниците.   Бик Ќе се соочите со реалноста. Трезвено размислувате и јасно знаете што сакате, а воедно сте свесни за фактот поради кој не го остварувате тоа. Препреките кои сте ги имале ќе останат зад вас и ќе можете да се соочите со реалноста која е пред вас. Препуштете се на брановите на ентузијазмот и самите ќе се уверите дека сте го одбрале вистинскиот пат. Извонредно функционирате во тим, па очекувајте успех таму каде што се бара ваков начин на работа. Посветете си најмногу внимание на себе, настојувајте да се опоравите од стресовите и незгодите, почнете од денес, бидејќи ви треба подолго време. Штедете ја енергијата и избегнувајте расправии.   Близнаци Искористете го периодот за завршување на поважните работи, бидејќи енергијата ви е на високо ниво. Ќе работите промислено сигурно без да се двоумите. Ќе поминете лесно во избегнувањето на обврските, па ќе можете да се зафатите со приватни работи. Во комуникациите ќе ви биде потребна дискретност, бидејќи преголемата импулсивност може да го промени мислењето кај некои луѓе од кои зависи вашата иднина. Можеби и ќе испаднете смешни. Не го дозволувајте ни тоа. Прифатете го мислењето на мнозинството за некои спорни случувања. Нема потреба да спречувате нечие влијание или да се издвојувате од групата на соработници. Рак Можностите не ви се така поволни, а нема ни да имате некои возбудувања и разочарувања. Едноставно периодот ќе го поминете мирно. Ќе се занимавате со вообичаените активности, а ќе имате се повеќе енергија за постепено решавање на недоразбирањата кои постојат во деловните односи. Настојувајте да бидете објективни согледувајќи ја општата состојба и не избрзувајте со ниту една одлука. Квалитетните услови ви овозможуваат подобро работно изразување. Постои можност за недоразбирања и непријатност со луѓето на повисоки положби: шеф, професор и др. Истовремено една поволна соработка благо делува врз вашиот раст. Бидете отворени за нови решенија.   Лав Ќе се најдете во ситуации кои предизвикуваат голем ризик и бараат значителна моќ на импровизација, а многумина од вас ќе гледаат со резерва на проблемите. Треба да вложите доста труд за да воспоставите добри односи со околината. Потрудете се да ја стекнете потребната сигурност во себе за да можат вашите односи да бидат успешни. Повеќе движете се и комуницирајте, а од сето тоа извлечете конструктивна поука. Направете нешто повеќе за средување на вашата финансиска состојба. Ограничете ги трошоците, не вложувајте во ризични трансакции и не ги расфрлувајте парите само на ваши лични задоволства и забави. Мислете на иднината.   Девица Неделава ќе доживеете многу убави моменти на работното место, па тоа ќе ви даде дополнителен елан во извршувањето на работните задачи. Добро ќе се чуvствувате и ништо не ќе можи да ја наруши вашата психофизичка рамнотежа. Ќе бидете многу уверливи и успешно ќе се залагате за сопствените идеи. Храбро ќе влегувате во полемики, дури и кавги од кои ќе излегувате како победник. Финансиската состојба не е стабилна, а можни се непалнирани трошоци. Обрнете повеќе внимание на парите кои ги заработувате.
Слично

Поврзани вести