Економија, финансии, бизнис

Контакт

Неделен хороскоп 08.08 – 14.08.2016

Неделен хороскоп 08.08 – 14.08.2016
Овен Проблемот од емотивна природа станува повеќе од непријатен. Ви недостасува толеранција кога е во прашање партнерот, а тоа морате да го контролирате. Никако не можете да најдете заеднички јазик, но морате да се потрудите да избегнете секакви расправии. Имате проблеми и со дишните патишта, чист воздух и намалување на цигарите добро би ви дошло. Работете повеќе и заборавете на привремените проблеми, така само си правите лошо на себеси. Можно е да произлезат некакви пререкувања поврзани со пари. За среќа ваш роднина или близок ќе биде медијатор во настанатата ситуација. Не брзајте со одлуките и пробајте да водите нормална комуникација со саканата личност. Бик Ненадејни промени во  работната средина, ќе влијаат на вашиот секојдневен ритам. Но и покрај тоа делувате енергично, не отстапувате од зацртаната цел и успешно ги пронаоѓате ефикасните решенија. Од тие астролошки знакови сте, кои никогаш не отстапуваат, ниту ја губат довербата во себе, кога ќе се појават  проблеми. Од вас оваа недела се очекува да истраете и да бидете упорни. Се однесувате спонтано и се раководите според  емоциите. Спремни сте да почекате другата страна да се вразуми. Во овој период ќе бидете во ситуација да повлечете одлучувачки потези. Вие успешно владеете со себе и со другите, така да совети не ви се потребни. Но тоа не важи и за здравјето, консултирајте се со специјалист. Близнаци Се обидувате да ги промените поставените правила во деловната средина, но забележувате негодување поради тоа. Средината не е заинтересирана да ги подржи вашите современи идеи за начинот на работењето, а еден од колегите, претставува главна пречка. Сепак немојте да дозволите тоа да влијае на вашето размислување и креативност. Ќе бидете во ситуација да ги решавате брачните проблеми. Сами не можете да излезете на крај со партнерот, така да ќе ви биде потребен совет. Самотијата понекогаш е вистинска работа. Колку побрзо го зајакнете имунитетот, толку подобро; бидејќи во наредните денови можни се проблеми со органите за дишење. Рак Чувствувате креативна инспирација и потреба да го проширите видикот со учење. Различни ситуации ќе ви делуваат со поттик, но најважно е што професионалниот стил и критериумот со високи вредности, го прилагодувате со заедничките интереси. Исклучителен деловен ефект ќе постигнете кога ќе бидете во хармонија со вашата добра воља и создавачка енергија. Односите со партнерот веќе подолго време се конфузни, а во текот на оваа недела ќе се појават изненадни проблеми кои додатно ќе ја комплицираат ситуацијата. Ќе бидете нерасположени и спремни за кавга. Поголемите проблеми кај вас доваѓаат од претерување со храна и пијалок. Бидете умерени. Лав Бидете достоинствени и без многу прашања прифатете ги критиките кои не ви се допаѓаат. Не можете да правите компромиси, кои не се во согласност со вашите морални начела. Доцна е да го корегирате пропуштеното или да ја менувате поставента стратегија. Креативната енергија усмерете ја кон корисен правец и трпеливо почекајте ги приликите кои повеќе ќе ви одговараат. Се наоѓате пред големо емотивно расчистување, од кое без причина се плашите. Залечете ги старите рани за да ви се појави нова љубов. Девица Во новоснастанатата и необична ситуација на работа, потрудете се да делувате смирено. Бидете настрана од тензичната енергија и состојба на резигнација помеѓу колегите. Понекогаш постојат проблеми кои бараат период на креативна инкубација, пред да се кристализира позитивното решение. Во наредните денови љубовта ќе биде под прашање, бидејќи некој на вашата сакана личност ќе се обиде со трачеви да и ја помати среќата. Останете на страна, бидејќи не можете да влијаете на случувањата.
Слично

Поврзани вести