Овен
Ќе се однесувате многу амбициозно и ќе се обидувате да го проценити исходот во сите значајни ситуации на професионалната сцена. На соработниците им е важно да го слушнат вашето мислење, но употребете ги своите професионални манири и дискреција, бидејќи постојат работи за кои не треба јавно да се расправа. Важно е да се определите за посовремена варијанта која овозможува напредување на професионалната скала. Потрудете се да го сочувате добриот однос и доверба
Бик
Се однесувате енергично на средбите со соработниците и поставувате нови барања, со кои сакате да го унапредите своето професионално искуство и заедничкиот успех. Не дозволувате можност за изненадни промени во службените преговори. Сепак, со претераното истакнување на личните барања ќе поттикнете различни коментари меѓу соработниците. Потребно е да имате широки погледи во секоја ситуација.
Близнаци
Меѓучовечките односи во следиот период ќе доживеат позитивни преобразби. Повеќе сте наклонети кон простување, а и другите ќе бидат поблаги кон вас, ќе ви излегуваат во пресрет, ќе бидат покрај вас ако ви затреба нешто. Луѓето ќе ве сакаат, ќе им бидат мили вашите недостатоци и малите непријатности. Животот ќе ви стане поинтересен, повозбудлув и содржаен – до таа мерка што ќе има моменти кога ќе посакате мир и тишина.
Рак
Комплетната ситуација на работната сцена треба да ја проценувате од различни апсекти, пред да донесете заклучок и конечна одлука за идните потези. Дејствувате многу поттикнувачки на својата околина, но кај вашите соработници постојат значајни разлики во степенот на мотивација и интересирање. Нема потреба да потценувате нечија улога при службено-финансиското посредување. Во љубовниот живот посакувате некои нови и поинакви случувања.
Лав
Понекогаш различните промени и новите услови делуваат како дополнителна мотивација во работата со која се занимавате, важно е правилно да се организирате и да ги испочитувате зададените рокови. Контактирајте ги соработниците кои имаат сигурни информации за новите случувања на работната сцена, пожелно е да ги проширите своите сознанија од различни области. Нема потреба да донесувате брзоплети одлуки.
Девица
Очекувате некој да ги прифати вашите идеи и ви пречи чувството на нерамноправност во односот со соработниците. Потребни ви се разновидни дипломатски манири и компромисни варијанти, како успешна формула која донесува корисно и долгорочно решение. Во зависност од личното интересирање или мотивација, осмислете варијанта која донесува најдобри резултати. Во љубовниот однос уживате во различни ситуации.
Вага
Се наоѓате во фаза на креативен подем и сакате да ја унапредите својата професионална положба. Поради променливите околности имате големи амбиции или нескромни очекувања. Забележителен успех е невозможно да се оствари без детална анализа, добри подготовки и презицни информации кои ве доведуваат во привелигирана положба. Важно е да ги испочитувате сите основни начела на успешното работење. Искрените чувства и најубавиот дел од својата личност ги „должите“ на некоај блиска личност или на оние на кои „припаѓате“.
Скорпија
Од вас се очекува да прифатите некој нов работен предизвик или да преземете важна улога во некој заеднички договор. Имате доволно енергија, но добро размислете за своите приоритети кои ќе ги поставите. Важно е да осмислете професионална или работна стратегија која ќе ви овозможи да се ангажирате на различни страни. Се се сведува на добрата професионална проценка и успешно планирање. Чувствувате емотивен занес и не го криете своето воодушевување во друштво на саканата личност.
Стрелец
Иновативноста, како и другите таленти кои ги поседувате ќе ви донесат нови привилегии во животот. Останете позитивни, бидејќи ве очекуваат престврти за кои не ни помислувате. Средбата со вашиот поранешен партнер ќе направи да посакате да се вратите во минатото, но наместо тоа, почнете да гледате во иднината, можеби ве очекува нешто многу поинтересно.
Јарец
Нема причина да прифатите некоја работна понуда која делува предизвикувачки и ветува само моментален успех. Бидете доволно промислени при службените средби, бидејќи со желбата да пронајдете идеално решние непотребно се оптеретувате со различни детали . Од вашето залагање и дипломатскиот такт зависат конечните резултати. Важно е правилно да се наметнете или да ги истакнете своите способности.
Водолија
Кажете им здраво на длабоките мисли. Оваа недела ве очекува фаза на патување низ вашата совест. Не оптеретувајте се премногу, наместо тоа фокусирајте се на она што ве очекува во иднината. Пријателите може да ви доделат некој совет, но вие нема да го прифатите бидејќи ќе бидете премногу горди. Крајот на неделата искористете го за одмор и поминете една вечер со партнерот во опуштена атмосфера, тој ќе ви биде благодарен за тоа.
Риби
Постојат неочекувани проблеми кои ви го нарушуваат секојдневниот ритам, но со дополнителна упорност може да ги остварите своите професионални планови. Потребно е да пронајдете заобиколни решенија и да го одржите потребното ниво на соработка. Не дозволувајте некој да ве залажува со погрешни информации, важно е да ја избегнувате брзоплетоста и импулсивните реакции.
Неделен хороскоп (07.12 – 13.12.2015)
Слично
