Неделен хороскоп 06.06 – 12.06.2016
Овен
Прекрасно се чуствувате, задоволни сте, а причината е индивидуална. Некои претставници очекуваат деловна експанзија, некои се во нов интересен проект, а пак некои започнуваат со бизнис. Бидејќи периодот е поволен, препуштете се на ваш својствен начин. Ведрината во вас ви дава сила целосно да се посветите на работата, но и задоволството со кое оди бидејќи и финансиите ќе ви се подобрат. Мала нервоза е нормална состојба, бидејќи почесто сте под стрес било тоа да е работен или пак семеен. Ќе бидете во форма и за сите видови интелектуални активности. Искористете го периодот за учење.
Бик
Мислењето на другите неделава многу ќе делува врз вас. Можеби ќе се нервирате и ќе се карате поради плеткањето на другите во вашиот живот, но подобро е да се смирите и убаво размислете кого ќе го слушате, а кого ќе го игнорирате. Не обрнувајте внимание на ситните озборувања и подметнувања на работното место, бидејќи ги има доста, дури и оние кои ве сакаат и ви мислат само добро. Имате доста тешкотии и ќе морате да се откажите од нешто, но внимавајте од што. Вашата потреба за акција може да ви донесе и здраствени пречки.
Близнаци
Ќе помислите дека ништо не ви оди од рака. Односите со околината ви се лоши, а нема да се сложувате ниту со претпоставените ниту со колегите на работа. Ќе биде нагласен отпорот и ограничувањата. Ве советуваме да се воздржите, бидејќи во вашите настојувања нема да бидете многу успешни. Иницијативата во врска со некоја важна работа препуштете му ја на личност која е одговорна за нејзино извршување. Некои од вас ќе имаат неочекувана прилика да заработат повеќе.
Рак
Нервите ви се при крај и со некој свој непромислен потег или дрскост можете да привлечете внимание кај другите. Потрудете се да го намалите отпорот од околината, со ароганција само се зголемува. Време е да завртите нов лист и да го напуштите сето тоа што ве оптеретувало веќе подолго време. Ќе се чуствувате подготвени да тргнете понатаму што ќе ви донесе подобрување во вашата психичка состојба. Подгответе се за нови и возбудливи настани кои ќе ги има доста. Немојте да барате помош од страна бидејќи таа може да биде недобронамерна или некритична.
Лав
Работите не можат да чекаат. Доколку нешто сте пропуштиле неделава тоа мора да го надополните. Ќе бидете во некоја занесеност, а тоа ќе ви биде и главна мотивација за сите ваши активности. Меѓутоа во овој период ќе морате со повеќе внимание да му се посветите на професионалните барања. Многу е важно со кој влегувате во работа. Одбирајте ги деловните партнери и соработници. Занимавањето со креативна работа и правилното користење на енергијата ќе ви донесе конкретни резултати. Ве очекуваат финансиски потешкотии кои успешно ќе ги разрешите.
Девица
Неделава би било добро да се држите само на сигурните деловни патеки и проверените контакти. Не бидете премногу сигурни во новите пријателства и не се доверувајте секому. Некои од вас ќе се впуштат во нови деловни авантури и експерименти, но ве советуваме да бидете претпазливи во секој момент. Ќе ви се овозможи прилика за кратка осаменост, но не претерувајте во тоа. Ќе наидете на препреки во работењето доколку се занимавате со инателектуална работа. Бидете внимателни во вложувањето во ризични ситуации, бидејќи можете да дојдете до финансиски загуби.
Слично
