Економија, финансии, бизнис

Контакт

Неделен хороскоп 04.07 – 10.07.2016

Неделен хороскоп 04.07 – 10.07.2016
Овен Во текот на следниот период планетарните костелации ќе ви помогнат да ја фокусирате својата енергија и да се насочите на емотивно средување на вашиот живот. Некои случувања од претходниот период ќе го пригушуваат вашето расположение и ќе ве тераат на постаки кои не ви се многу пријатни. Семејниот и љубовниот живот ќе бидат ставени под лупа, а околностите ќе ве натераат повеќе да се насочите на работата и професионалното напредување. За да ги избегнете можните незадоволства, обидувајте се да одржувате чувствителен баланс меѓу приватниот и професионалниот живот. Бик Иако навидум се`е како што треба, нема да ви се допаѓа како стојат работите на партнерско и семејно ниво. Барањата на околината ќе бидат премногу формални за вашиот вкус, а вие потешко ќе се прилагодувате. Можеби ќе имате чувство дека другите се премногу критички настроени кон вас и дека никогаш не се задоволни. Држете го своето внимание на активностите кои не треба да бидат запоставени; придржувајте се на приоритетите и не дозволувајте да бидете излажани. Во љубовната сфера очекувајте подеми и падови, а поголемите компликации можете да ги избегнете со навремено интервенирање. Близнаци Планетарните констелации укажуват на љубовна хармонија и брз развој на настаните. Ќе биде нагласена потребата за емоционално примопредавање, нежност и романтика, а со самото тоа што повеќе ќе се залагате за односите, ќе бидете повеќе толерантни и подготвени на отстапки. Оние што се во долги врски ќе размислуваат за заедничката иднина, а некои ќе добијат убави вести за родителство. Ќе имате длабоки и силни емоции, а заедничките моменти ќе ве инспирираат на романтични и нежни гестови и постапки. Рак Ќе почувствувате стимул, повеќе ќе бидете заинтересирани за друштвени активности и остварување нови контакти со личности од спротивниот пол. На другите ќе им биде полесно да ги видат вашите позитивни страни и да одговорат на вашите сигнали. Време е да се опуштите, да се исправите и да продолжите таму каде што застанавте. Од друга страна, на работен план ќе ви се укаже прилика за промоција и напредок. Во тоа ќе ви помогнат пријателите, роднините на саканата личност, ама и познаниците кои сте ги стекнале во текот на животот. Кон крајот на неделата ќе сфатите дека ништо не е случајно и дека се`си доаѓа на свое место. Лав Вие влегувате во многу важно време, кога можете да ги надокнадите сите моменти и ситуации во кои досега се повлекувавте и им го отстапувавте местото на другите, како во приватниот, така и во професионалниот живот. Нагласена е вашата потреба за активно дејствување и докажување на својата вредност. Положбата на Марс во Скорпија нема да ви дозволи да чекате или да бидете скромни; директното дејствување ќе биде најкраткиот пат до целта. А во исто време ќе ви обезбеди и многу енергија и виталност. Подгответе се, следниот период носи значајни случувања кои можат темелно да го променат вашиот живот. Девица Положбата на Меркур ќе ве обдари со завидна елоквенција, љубов кон патувањата и нагласена желба за склопување нови пријателства. Во исто време ќе се зголеми обемот и интензитетот на работните обврски, како и бројот на луѓето со кои секојдневно ќе контактирате. Многубројните работни активности нема да ви оставаат многу време за друго. Разбирањето во љубовните односи ќе ви биде исклучително важно, но во исто време ќе имате силна потреба за слобода. Во одредени моменти партнерот нема да има разбирање и ќе влегува во вашиот простор, но вие ќе знаете вешто да се извлечете од таквите ситуации. Ако успеете на правилен начин да се организирате, вашата врска ќе се зајакне.
Слично

Поврзани вести