Економија, финансии, бизнис

Контакт

Неделен хороскоп 02 05 – 08 05 2016

Неделен хороскоп 02 05 – 08 05 2016
Овен Неделава би било добро да се држите само на сигурните деловни стази и проверените контакти. Не бидете премногу сигурни во новите пријателства и не му се доверувајте секому. Некои од вас ќе се впуштат во нови деловни авантури и експерименти, но ве советуваме да бидете претпазливи во секој момент. Ќе ви се овозможи прилика за кратка осаменост, но не претерувајте во тоа. Ќе наидете на препреки во работењето доколку се занимавате со инателектуална работа. Бидете внимателни во вложувањето во ризични ситуации, бидејќи можете да дојдете до големи финансиски загуби. Бик Мислењето на другите неделава многу ќе делува врз вас. Можеби ќе се нервирате и ќе се карате поради плеткањето на другите во вашиот живот, но подобро е да се смирите и убаво размислете кого ќе го слушате, а кого ќе го игнорирате. Не обрнувајте внимание на ситните озборувања и подметнувања на работното место, бидејќи ги има доста, дури и оние кои ве сакаат и ви мислат само добро. Имате доста тешкотии и ќе морате да се откажите од нешто, но внимавајте од што. Вашата потреба за акција може да ви донесе и здраствени пречки. Близнаци Ќе се соочите со реалноста. Трезвено размислувате и јасно знаете што сакате, а воедно сте свесни за фактот поради кој не го остварувате тоа. Препреките кои сте ги имале ќе останат зад вас и ќе можете да се соочите со реалноста која е пред вас. Препуштете се на брановите на ентузијазмот и самите ќе се уверите дека сте го одбрале вистинскиот пат. Извонредно функционирате во тим, па очекувајте успех таму каде што се бара ваков начин на работа. Посветете си најмногу внимание на себе, настојувајте да се опоравите од стресовите и незгодите, почнете од денес, бидејќи ви треба подолго време. Штедете ја енергијата и избегнувајте расправии. Рак Со малку повеќе упорност ќе успеете да се справите со обврските на работното место. Бидете уверени и не ја потценувајте помошта, која ќе ви биде понудена. Заедничка работа со професионалец може да ве инспирира за нови идеи и проекти кои ветуваат доста брзо да се стабилизира финансиската состојба. Лав Премногу се оптроварувате со работи кои во овој момент не ви се достапни. Тоа кај вас предизвикува нервоза. Со тоа не само што можете да ги пореметите односите во средината во која живееете и работите, туки и себе си да си предизвикате здравствени проблеми. Паметно испланирајте ги и реализирајте ги вашите деловни акции. Совладајте ја нервозата и ќе ја спречите главоболката. Не се двоумете туку веднаш изберете некој од колегите кој може да ви помогне и разработете ја работата. Само на таков начин очекувајте дека ќе имате успех. Поставувате свои услови и брзо ќе забележите дека и другите ги прифаќаат. Девица Ве очекуваат доста новини во полето на работата, особено оние кои се занимаваат со интелектуална работа. На ова поле најдобро ќе ги извршувате работните задачи, највероватно поради добрата интуицијата и концентрацијата која неделава ќе доминира кај вас. Доколку работата ви е поврзана со повеќе луѓе, контактитете ќе ве измачуваат. Не влегувјте во непотребни расправии. Гледајте си ја вашата работа. Финансиската состојба и покрај сите очекувања, останува иста.
Слично

Поврзани вести