Економија, финансии, бизнис

Контакт

Неделен хороскоп 01 08 – 07 08 2016

Неделен хороскоп  01 08 – 07 08 2016
Овен Среќни сте и задоволни. Ова е исклучително пријатен период, особено кога е во прашање љубовта. Ќе бидете опкружени со луѓе што ќе ви предизвикуваат задоволство. Пред вас се незаборавни моменти, а колку ќе успеете да ги искористите можностите, зависи само од вас. Секој човек е ковач на својата среќа. Морате да бидете смирени и толерантни кон соработниците ако сакате да постигнете колективен успех. Избегнувајте нервози што ќе му штетат на организмот. Ќе го почувствувате партнерот како нешто повеќе од партнер. Во неговото или нејзино лице ќе видите пријател, а тоа ќе ве натера да се чувствувате исклучително добро во врската. Ако сте осамени во љубовта, постои голема веројатност со ваш пријател да се добие нешто навистина убаво. Охрабрете се, тоа може да е почеток на нова љубов за вас. Бик Конечно можете да се опуштите, и покрај тоа што минувате низ тежок период. Потрудете се да останете смирени и со ладна глава. На својствен начин уживате во среќата, а тоа е она што ве одржува во живот. Она што посебно ве прави задоволни е хармонијата што ја најдовте во себе. Кога е во прашање љубовта, ќе биде потребно да имате поголемо разбирање за партнерот и да одржувате рамнотежа. Свесни сте дека некои работи не можат да се променат преку ноќ, но длабоко во себе знаете дека сте на добар пат да го постигнете тоа што ви е најмногу важно. Близнаци Проблемот од емотивна природа станува повеќе од непријатен. Ви недостасува толеранција кога е во прашање партнерот, а тоа морате да го контролирате. Никако не можете да најдете заеднички јазик, но морате да се потрудите да избегнете секакви расправии. Имате проблеми и со дишните патишта, чист воздух и намалување на цигарите добро би ви дошло. Работете повеќе и заборавете на привремените проблеми, така само си правите лошо на себеси. Можно е да произлезат некакви пререкувања поврзани со пари. За среќа ваш роднина или близок ќе биде медијатор во настанатата ситуација. Не брзајте со одлуките и пробајте да водите нормална комуникација со саканата личност. Рак Попасивни сте од вообичаеното, но тоа воопшто не ве вознемирува, насочени сте кон нова љубов. Фантазијата е одлична како компензација за киксовите што ги направивте во последно време. Но, не опуштајте се премногу, може да направите сериозни грешки, по кои нема враќање назад. Здравствената состојба ви е одлична. Во љубовта не се препуштајте само на вашите страсти туку погледнете малку и во срцето на вашиот партнер. Можете да очекувате мали недоразбирања со партнерот околу роднинските односи. Потрудете се да се дистанцирате од вообичаените семејни нетрпенија. Бидете подготвени на компромиси. Слободните претставници ќе сакаат да се запознаат со личност која не покажува никакви интереси. Лав Поминувате незаборавни моменти со личности родени во знакот на Водолија или Стрелец. Не е важно колку ќе трае таа среќа, уживајте и заборавете на ситните глупости што ги носи секојдневието. Дружете се и излегувајте. Немојте да се нервирате за ситници, бидејќи немате причина за тоа, секаде околу вас ви цветаат рози. Единственото нешто што не ви дава мир е постојаното незадоволство, научете да ја цените секоја ситница која доаѓа кон вас, независно дали од роднинска или пријателска страна. Ако сте во сериозна врска овој период е важен за нејзината иднина. Слободните би можеле да започнат нова љубовна приказна, некој ќе превземе се за да ве освои. Брачните врски се под добро влијание на планетите, па затоа можеби ќе размислувате за проширување на вашето семејство. Во кругот на семејството се чуствувате среќно и за да остане тоа така ќе мора повеќе време да останувате во него. Девица Постојано наидувате на некакви проблеми. Евидентно е нервирањето поради секоја ситница, па ја оптоварувате околината. Доколку забележите дека луѓето ве избегнуваат, знајте за што станува збор. Не однесувајте се како да сте центар на светот. Кој високо лета, ниско паѓа, а вие се однесувате токму така, па може да наидете на отпор во околината. Седмицата почнува со чувство на незадоволство, особено за оние кои живеат заедно со партнерот. Можно е да има конфликт помеѓу вас, заради решение во кое не сте на исто мислење со партнерот. Овој конфликт ќе влијае на одреден начин на врската и може да се најдете во ќорсокак.
Слично

Поврзани вести