Економија, финансии, бизнис

Контакт

Неделава температурен шок-Еве какви температури ќе имаме!

Неделава температурен шок-Еве какви температури ќе имаме!

Нова работна недела е пред нас која ќе донесе вистински темпeратурен шок и натпросечни температури невообичаени за овој период од годината.

Понеделник, вторник и среда ќе има навистина топло време со температури кои ќе достигнат до 22 °С на југоисток, додека во поголем дел од земјава ќе се движат во дијапазонот од 17°С до 20°С.

За разлика од првите три дена, четврток ќе биде малку „постудено“ а вредноста на температурата ќе се движи од  12°С до 15°С низ поголемите населени места, и до 17°С на југоисток.

Петок повторно ќе имаме топло време кое за разлика од четврток ќе биде за два степени потопло.

Минусни температури во недела пред нас не се очекуваат.

Во четврток, според најавите на метеоролозите се можни врнежи поради зголемената облачност а најтопол ден неделава ќе биде вторник.

Ветерот кој дува денес и утре, во среда ќе стивне

Слично

Поврзани вести