Економија, финансии, бизнис

Контакт

Неделава се отвораат моловите, кафулињата од следната недела

Неделава се отвораат моловите, кафулињата од следната недела

Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека на вчерашниот состанок на Комисијата за заразни болести е донесен предлог план за намалување на рестриктивните мерки кои ќе се одвиваат во неколку фази, а кои беа воведени поради пандемијата на корона вирусот.

-Состојбата во земјата е оценета како стабилна и Министерството за здравство ќе достави предлог план до Владата за олабавување на мерките кој предвидува: во оваа недела да се отворат и да се вратат во функција центрите за едукација, обука, семинари за возрасни, организација на седници, автошколи, спортски тренинзи на отворено за индивидуални тренизи, тенис, спортски обложувалници преку шалтер без угостителска дејност и затворени трговски центри-молови, но исто така без угостителска дејност. Сите овие субјекти мора да се придржуваат до социјалната дистанца и носењето заштитни маски. По следењето на состојбата, откако ќе се вратат во функција овие економски оператори, следната недела во план е да се препорача и отворање на угостителските објекти со послужување, спортските тренинзи за отворено на колективните спортови, а една недела подоцна, во третата фаза се планира да се отворат игрите на среќа во казина автомат клубови, затворени фитнес центри, тренинзи во затворено и базени и хотелски објекти, рече Филипче. 

Со, ова како што изјави министерот, го враќаме животот во нормала, но како што рече, меѓу сите фази ќе се следат параметрите и епидемиолошката состојба. 

Можеби ќе ве интересира: 

https://faktor.mk/filipche-na-krajot-sme-na-epidemijata-visokite-temperaturi-go-slabeat-virusot

Слично

Поврзани вести