Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕДЕЛАВА ЌЕ ВОЗИМЕ СО ГОРИВА ПО ИСТА ЦЕНА - екстралесното поевтинува за половина денар

НЕДЕЛАВА ЌЕ ВОЗИМЕ СО ГОРИВА ПО ИСТА ЦЕНА - екстралесното поевтинува за половина денар

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,13 отсто.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V)  не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката од 25.01.2021 година.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1)се намалува за 0,50 денар/литар и сега ќе изнесува 41,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за0,168 ден/кг и ќе изнесува 31,436 ден/кг.

Од 2.2.2021годинаод 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС - 95  61,00(денари/литар)

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС -98  63,00 (денари/литар)

Дизел гориво  ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)  52,00 (денари/литар)

Масло за горење  Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)  41,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС    31,436(денари/килограм)

Воизминатиот седумдневен периодреферентни цени на светските берзиво просек бележат намалување:бензинот за 0,407%,дизелотза0,57%,екстра лесното маслоза2,317 %, додека кај мазутот има зголемување од 0,949%.

Во истиот период курсот на денарот во однос на долароте понизокза 0,152%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 2.2.2021 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Слично

Поврзани вести