Недела – ден за возење и едукативен собир на мотоциклистите
Денеска на плоштадот „Македонија“ ќе се одржи парадно возење и едукативен собир на мотоциклистите со сите заинтересирани граѓани, особено со младите возачи на мопеди.
На настанот ќе учествуваат мотоциклисти од мотоциклистичките клубови, претставници на спортските здруженија и сите заинтересирани граѓани на Македонија.
Организатори на оваа манифестација, покрај РСБСП, се и Министерството за внатрешни работи, Град Скопје, Мотоциклистичката федерација на Македонија и сите партнери кои учествуваат во кампањата „Недела за безбедност на мотоциклистите“.
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата заедно со полицијата изработија флаери кои им ги делат на мотоциклистите. Им се алармира дека не треба да возат без кацига, без возачка дозвола со соодветна категорија, да не возат пребрзо и да возат технички исправен мотор.
