Економија, финансии, бизнис

Контакт

Небото и земјата се споија над Хрватска

Небото и земјата се споија над Хрватска

Бура пропратена со врнежи и грмотевици, ја зафати Далмација, посебно подрачјето на Шибеник и Макарска, а се проценува дека во краток период паднале повеќе од 100 литри дожд по метар квадратен.

Најмногу дожд од утрово паднало на широкото подрачје на Водица, каде пожарникари од куќите и институциите испумпале огромна количина вода, поплавени се училшта и градинки, а под вода се и градските сообраќајници, пренесуваат хрватските медиуми.

На крајбрежјето на Макарска за само еден час паднало повеќе од 40 литри дожд по метар квадратен, а во самата Макарска некои улици се поплавени, сообраќајот се одвива отежнато, пожарникарите имале повеќе од 15 интервенции, а се испумпуваат и хотелските подруми.

На Хвар во последните десет дена паднале 150 литри дожд по метар квадратен, додека месечниот просек е 60, а во Дубровник за исто време паднале 240 дожд по метар квадратен.

За Далмација и утре се предвидува врнежливо време, а државниот хидрометеоролошки завод издаде предупредување за опасни временски услови.

Слично

Поврзани вести