Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нема пари за нови автомобили, драстичен пад на продажбата!

Нема пари за нови автомобили, драстичен пад на продажбата!
Продажбата на нови автомобили, но и увозот на половни во Македонија драстично опаѓа од 2010 година наваму, покажуваат податоците на увозниците. Веќе три години по ред се увезуваат сé помалку возила, а опаѓа и интересот на граѓаните за купување автомобил. Минатата година, според податоците на Царинската управа, биле увезени вкупно 35.157 возила, што е едвај половина од увозот во 2010 година кога во земјава биле внесени 62.519 автомобили. За околу 4.000 возила е намален увозот на нови, а за околу 22.000 возила се намалил увозот на половни автомобили ако се споредат податоците за 2010 и 2013 година. Всушност, 2010 се смета за година на рекорден увоз на автомобили во Македонија, а увозниците се жалат дека од тогаш константно се бележи намалување на интересот на граѓаните. Според нивните податоци, продажбата на нови автомобили е падната за 75%, а на половни - за околу 50%, а причината за тоа ја гледаат во намалената куповна моќ на граѓаните и заситеноста на пазарот.
Слично

Поврзани вести