Економија, финансии, бизнис

Контакт

Не запира трендот на раст на цените: Од ноќеска горивата повторно поскапуваат

Не запира трендот на раст на цените: Од ноќеска горивата повторно поскапуваат

Поскапуваат горивата од ноќеска на полноќ - малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за еден денар за литар додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за денар и половина, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,637 денари за килограм и сега ќе изнесува 35,396 денари. 

„Одлуката на РКЕ следува по минатонеделниот растечки тренд на цените на нафтата на светските берзи кои пораснаа на највисоко ниво откога е почната пандемијата, а тоа се должи пред се на забрзаниот пад на глобалните залихи, зголемувањето на побарувачката од нафта, како и зголемениот оптимизам за завршување на пандемијата преку имунизација. Еден од клучните показатели како ќе се движи цената на нафтените деривати во следниот период ќе биде и исходот од состанокот на Алијансата ОПЕК +, во која водечки земји се Саудиска Арабија и Русија, која треба да се состане следната недела, за да се одлучи како да се продолжи со намалување на производството од април, што пак е спротивно од препораките од алијансата, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. 

По новиот ценовник од вечерва на полноќ бензинот ЕУРОСУПЕР БС - 95 ќе чини 65,5 денари за литар, а моторниот бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 ќе се продава за 67,5 денари за литар. Дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе чини 56 денари, а масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе се продава за 45 денари за литар. Килограм мазут М-1 НС ќе чини 35,396 денари за килограм. 


Слично

Поврзани вести