НЕ ЗАПИРА ПРИТИСОКОТ: 50 евра казна за учесници на Шарена револуција од Прилеп
По 50 евра парична глоба треба да платат четворица учесници на „Шарената револуција“ од Прилеп.
Како што пренесе револуционер.мк тие деновиве добиле записници за констатиран прекршок и платни налози со кои, согласно Законот за јавна чистота.
Од записниците може да се види дека врз основа на доставено известување од МВР, односно од Полициската станица (ПС) Прилеп, комуналниот инспектор при локалната самоуправа на Општина Прилеп констатирал дека конкретните лица сториле прекршок според чл.19 ст.1 од Законот за јавна чистота.
Слично
