Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ: Поднесете годишна даночна пријава

НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ: Поднесете годишна даночна пријава

И годинава важи обврската за поднесување на годишна даночна пријава до 15 март.

Оваа обврска важи за оние кои освен плата, пензија или приход од земјоделска, самостојна дејност, оствариле и приходи од: кирии, издавање на имот - закуп или подзакуп, авторски права, индустриска сопственост, исплатена дивиденда, капитална добивка од продажба на учество во капитал и недвижен имот, добивка од награднa игрa во износ поголем од 5.000 денари,  приходи остварени од игри на среќа преку специјализирани странски интернет страни,  лични примања од странство и други приходи,

Во пријавата ПДД-ГДП која е бесплатна,  овозможен е компјутерски внес на податоците во бараните полиња. 

Откако ќе ги пополните податоците, отпечатете ја пријавата во 2 примерока. Доколку ја поднесувате вашата пријава преку пошта доставете само еден примерок.

Слично

Поврзани вести