НЕ ЗА КОВИД ПРОПУСНИЦИ: Протести во Хрватска поради мерките против корона (ВИДЕО)
Протести синоќа се одржаа во Загреб и Дубровник поради мерките против корона вирусот и воведувањето ковид пропусници , а најавени се и во некои други хрватски градови.
Голем број граѓани се собраа во Дубровник и го изразија своето незадоволство од владините епидемиолошки мерки. Тие се собраа во историскиот центар Дубровник, каде со лампиони пред градското собрание го формираа зборот „НЕ“, објави Индекс.хр.
Воведувањето на потврдите за КОВИД треба од 15 ноември да станат задолжителни во јавните и државните служби.
На плоштадот беше присутна и полицијата. Меѓу демонстрантите има и деца.
Ова е трет ваков протест на загрепскиот плоштад Свети Марко.
Foto: Printskrin
Слично
