НЕ ВЕРУВАЛ ВО ВАКЦИНИТЕ: Млад Србин се заразил и 42 дена поминал во болница
Момче од српскиот град Ниш по 42 дена поминати во болница на кислородна поддршка откако се заразил со коронавирусот, си замина дома.
Никола Николиќ (26) вели дека белите дробови му работеле 16 отсто, а црниот дроб почнал да му откажува.
За телевизијата Пинк раскажа дека не верувал во вакцината и не бил вакциниран.
„Сега оди на подобро, добар сум во моментот“, рече тој.
Момчето им се заблагодари на лекарите од Клиничкиот центар кои му го спасија животот.
Во Србија денеска се регистрирани уште 63 починати, со што Србија официјално надмина 10.000 жртви од коронавирусот. Денеска се регистрирани 5.896 заразени, починаа 63, а на болничко лекување се 6.760 пациенти, додека на респиратор се 290.
Слично
