Економија, финансии, бизнис

Контакт

Не трпам директори што не плаќале струја, вели Ковачевски

Не трпам директори што не плаќале струја, вели Ковачевски

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски вели дека не трпи директори што не плаќале струја. 

Вели дека не му е јасно како одредени државни институции со години не плаќале сметки за струја. Премиерот објасни дека долговите ќе се покријат само на оние кои ќе докажат дека поради оправдани причини не ги плаќале фактурите. Ковачевски е категоричен дека ќе бара и одговорност. ЕВН информираше дека повеќе институции меѓу кои државните болници, судови, затвори, зоолошка, студентски домови, се пред исклучување затоа што сите заедно должат околу 40 милиони евра.

Инаку, власта неодамна ги повика граѓаните и компаниите да штедат струја. 

Слично

Поврзани вести