Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕ СУМ ВО БЕГСТВО: Се јави Вучиќ

НЕ СУМ ВО БЕГСТВО: Се јави Вучиќ

Српскиот претседател Александар Вучиќ од Шпанија порача дека не е во бегство. 

Тој учествува на конференцијата на ОН во Севиља, а од Шпанија коментираше за настаните во неговата земја, пишува РТС.

Зборувајќи за синоќешните барикади низ цела Србија, Вучиќ рече дека луѓето не треба да се грижат и дека државата има сила да обезбеди закон и ред.

Претседателот на Србија се осврна и на изјавата на министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров, за настаните во Србија.

„Лавров и Путин јасно ставија до знаење дека знаат дека ова е обид за обоена револуција. Се сеќавате кога рекоа дека не се за политика, дека треба да се решат други проблеми, и јас тоа го кажав тогаш, и ние го знаевме тоа. Благодарност до нашите руски пријатели што го забележаа тоа, благодарност до Сергеј што совршено го разбра“, рече Вучиќ.

Вучиќ вели дека нема од кого да се избега, иако некои ја искористија неговата посета на Севиља за да ја протолкуваат како бегство. 

„Немам од кого да избегам, денес се враќам во Србија“, рече тој.

Тој рече дека во текот на претходната ноќ, полицијата дејствувала исклучително професионално со минимална употреба на сила.

На протестите полицијата употреби солзавец, а имаше и повеќе уапсени. Со месеци има протести во Србија. Луѓето не се задоволни од владеењето.

Слично

Поврзани вести