Не стивнуваат видеата за Бошковски
Денеска на анонимниот канал на Јутјуб повторно се објавени серија видеа за Љубе Бошковски кои се употребени во судската постапка во која Бошкоски за нелегално финасирање на кампања е осуден на пет години затвор. На објавените видеа Бошковски прави муабет за изборната кампања во 2011 година, а во последниот видеоклип ги зема купчињата пари и ги става во хартиена кеса.
Последното видео е со датум 6.06. 2011 година, околу 14:40 часот, непосредно пред да биде уапсен. Содржината на парчето повторно е за начинот како ќе го решава проблемот за името со Грција ако тој и неговата партија победат на изборите.
Видеата почнаа да се објавуваат откако во петокот лидерот на опозицијата објави прислушуван материјал поврзан со апсењето на Бошкоски. Истите видеа беа користени во процесот против Бошкоски за нелегално финасирање на кампањата, иако не се поклопуваат со датумите кога стартуваше и заврши изборната кампања во 2011-та година.
Видеата покажуваат дека Бошковски бил под ПИМ и бил следен а со тоа се фрла црна дамка на изборниот процес во 2011 година, а власта го знаела секое негово движење .
Дел од правните експерти за 24 вести посочуваат дека објавувањето на снимките со Љубе Бошкоски е тешко кривично дело и дека е тесен кругот на луѓето кои имале допир со нов, а тој е стеснет околу МВР, Обвинителството и Судот.
