Економија, финансии, бизнис

Контакт

Не сте задоволни од работата? Почекајте да наполните 50!!!

Не сте задоволни од работата? Почекајте да наполните 50!!!
Истражувањето на  Associated Press и NORC Center for Public Affairs Research утврди дека 9 од секои 10 вработени на возраст од 50 или повеќе години велат дека се многу или доволно задоволни од својата работа. По возрасните се многу по среќни од работата која ја вршат независно од нивниот пол, раса, образование, политичка ориентација и приход. Запознајте го 77 – годишниот мексиканец Оскар Мартинез.  Ако Disneyland навистина е најсреќното место на земјата за децата, тогаш тој таму можеби е еден од најсреќните работници. -          Кога работам, јас сум среќен, вели готвачот кој ја работи својата професија веќе 60 години. Според зборовите на Мартинез, тој не сака никогаш да се пензионира. Не заборавајте дека на 77 години тој како готвач својот живот го има претворено целосно во својата работа. Секое утро станува во 3 часот по полноќ за навреме да го фати меѓуградскиот автобус за да пристигне во Carnation Café, еден од ресторантите во забавниот парк. Истражувањето на  AP и NORС покажува дека и 6 од секои 10 работници барале личен совет од своите колеги.  Четири пак од десет имале добро однесување на работното место. -          Вообичаено по возрасните работници веќе се имаат искачено на професионалната скала и ги постигнале своите позиции во кои имаат поголема сигурност, вели Том Смит, директор на  General Social Survey – иинститут за истражување на американските социолошки односи. Задовлството се зголемува со возратса, додава Смит. Според експертот во по раните етапи на животот луѓето не се сигурни во тоа каква кариера сакаат. Возможно е во потрагата на работата од соништата некои да западнат на места кои не им се допаѓаат. И покрај тоа што некои од повозрасните работници остануваат на работа поради финансиската зависност, многу други продолжуваат да работат затоа што не можат да си го замислат животот по пензионирањето.   К. К  
Слично

Поврзани вести