Не смее да пукне ловџиска пушка во Албанија!
Целосна забрана на ловот на две години воведува Албанија со цел да ги заштити животните кои поради ловокрадството се пред изумирање, изјави албанскиот министер за животна средина Лефтер Кока.
За кршењето на мораториумот на ловот предвидени се високи парични казни, кои ќе бидат определени до половината на февруари, кога законот за забрана на ловот стапува во сила.
„Принудени сме да примениме строги мерки за да ги заштитме дивите животни на кои им се заканува изумирање поради ловокрадството“, посочи Кока, додавајќи оти фауната во Албанија се соочува со истребување во последните две децении.
Според податоците на албанското Министерство за животна средина, бројот на лисици, зајаци и препелици во оваа земја е намален од 30 до 50 проценти, додека кафеавата мечка, фазанот и орелот целосно се исчезнати.
Слично
