Не сме патриоти
Веројатно не постои термин кој доби толку многу јавност во изминатите 9 години, колку терминот „патриотизам“. Од толку фреквентната употреба, имам чувство дека го лишивме од неговата содржина. А тој прилично едноставно се дефинира; во скоро сите речници ќе најдете ваква или слична дефиниција: „љубов и посветеност кон својата татковина.“ Прилично едноставно, зарем не!?. Сепак, она околу што се раѓаат проблемите, се обидите да се прецизира, да се „измери“ таа љубов и посветеност. И воопшто - што значи во конкретна смисла таа љубов и посветеност?
Но, не само што е тешко поблиску да се одредат овие „чувства“ на љубов и посветеност, туку и кон самиот концепт, самата идеја на патриотизам, може да се има различен однос. Еве на пример два екстрема во разбирањето на концептот патриотизам, на кои можам да се сетам:
- Првиот е на Семјуел Џонсон, англиски писател, но и провокативен политички ум кој во добата во кое живеел (1709-1784), бил прилично прогресивен лик и кој меѓу другите умни работи го рекол и следново за патриотизмот: „Патриотизмот е последното прибежиште на битангите“.
- Вториот екстрем е на „херојот од Конектикат“, војникот од ерата на американската Војна за независност, Нејтан Хејл (1755-1776), кој во мигот на погубување извикал: „Единствено што жалам е што имам само еден живот да го дадам за татковината“.
Слично
