НЕ ШТЕДЕЛ НА ХОТЕЛИ, НИТУ НА АВИОНСКИ БИЛЕТИ: Колку трошел Мизо, а колку троши Младеновски
Екс директорот на Дирекцијата за Технолошко-индустриски развојни зони бил голем трошаџија. Барем така покажуваат официјалните податоци кои ги објави институцијата каде Мизо беше долгогодишен раководител.
Од 2011 до 2017 та Виктор Мизо не штедел на авионски билети, ниту пак на хотелски сместувања.
Споредувајќи ги податоците се доаѓа до заклучок дека новопоставениот директор е двојно поштедлив. Имено, вкупните бројки од табеларните прикази покажуваат дека Маденовски за осум месеци има службени издатоци од 1.272.383 денари, додека Мизо со два месеци помалку направил сметка од 2.427.029 денари.
Слично
