НЕ ШТЕДАТ ПАРИ: Со половина милијарда евра ќе им се помогне на угостителите
Со половина милијарда евра ќе им се помогне на угостителите во Австрија да се вратат во нормала по корона кризата,
Aвстрискиот канцелар Себастијан Курц претстави пакет државна помош вредна половина милијарда евра на австриските угостители.
Tие можат повторно да работат од 15 месецов.
Министерката за туризам Елизабет Кестингер кажа дека е планирано намалување на ДДВ на безалкохолни пијалоци од 20 на 10 проценти. Објасни дека намалувањето на данокот на алкохолни пијалоци не е можно заради ЕУ.
Добро е тоа што во неколку провинции нема нови случаи на заразени со коронавирус.
На 26 февруари, во оваа земја цел хотел беше во карантин поради коронавирусот.
Австрија од 14 април постепено ги укинува мерките на изолација поради пандемијата на Ковид 19.
Австрија беше прва европска земја со конкретен план за излез од карантинот.
