Економија, финансии, бизнис

Контакт

Не се знае чиј е дронот кој го надлетуваше Јариње

Не се знае чиј е дронот кој го надлетуваше Јариње

Дрон прелетал над делот на граничниот премин Јариње меѓу Косово и Србија. 

Тој направил круг и се оддалечил кон ридот од каде што дошол. Засега никој не знае за чиј дрон станува збор, и се шпекулира дека може да е на КФОР, но тој прелет и прелетување со беспилотни летала предизвика паника кај косовските полицајци, јавија  репортерите  на српската ТВ Прва.

Претходно, хеликоптерите на КФОР неколку пати прелетаче над административните премини Јариње и Брњак, како и северно од Косово.

КФОР информираше дека го „зголемила бројот и времетраењето на рутинските патроли низ Косово, вклучувајќи го и северот“, како и дека „внимателно ја следи ситуацијата низ Косово“, пишува Косово онлајн.

Веќе осум дена сообраќајот е блокиран на административните премини меѓу централна Србија и Косово , бидејќи Приштина им забрани влез на автомобилите со српски регистарски таблички.

Тензиите меѓу Косово и Србија поттикна реакција и од Албанија. 

Премиерот на Албанија, Еди Рама ја нападна Србија дека правела воени маневри. 

Слично

Поврзани вести