„Не се во согласност со стандардите на ЕУ за безбедност на храната“: Хрватска повлекува њоки поради метални фрагменти
Како што пренесуваат хрватските медиуми од тамошниот пазар се повлекуваат производи од групата тестенини поради претпазливост. Повлекувањето се однесува на производи со рок на траење до 12 март 2026 година и број на серија L:250312, а на купувачите им се советува да го вратат производот со сметката или да ја контактираат компанијата преку е-пошта.
- Ledo plus d.o.o. Загреб доброволно и како мерка на претпазливост го повлече својот производ „Њоки Премиум“ од 500 грама поради можно присуство на метални фрагменти во содржината - објави Државниот инспекторат во петок.
Повлекувањето се однесува само на њоки со рок на траење до 12 март 2026 година и број на серија на производство (L:250312), кои се јасно означени на задната страна од пакувањето.
Како што пишуваат тамошните медиуми, њоките се произведуваат од Frikom d.o.o. и се продаваат од Ledo plus d.o.o.
Причината за повлекувањето е потенцијалното присуство на туѓо тело од метално потекло. Преземени се сите потребни превентивни мерки и дополнителни безбедносни проверки за да се утврдат сите околности и да се спречи повторување на слична ситуација, објави Ледо.
Тие ги повикаа сите клиенти кои го купиле производот од серијата L:250312 со рок на траење од 12 март 2026 година да не го консумираат и да го вратат во продавницата каде што го купиле, со важечка сметка или да ги контактираат преку е-пошта на ledo@ledo.hr, со фотографија од производот на која јасно се гледа серијата на производство и датумот на истекување.
Производот не е во согласност со Регулативата за утврдување на општите принципи и барања на законодавството за храна, со која се основа Европскиот орган за безбедност на храната и се утврдуваат процедури во областа на безбедноста на храната, се вели во соопштението.
