Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕ СЕ САМО ЗА БАКЛАВИ: Газиантеп ќе се грее на ф’стаци!

НЕ СЕ САМО ЗА БАКЛАВИ: Газиантеп ќе се грее на ф’стаци!
Турскиот град Газиантеп би можел да стане првиот еколошки град кој ќе произведува топлинска енергија од ф’стаци. Идејата веќе се разработува и се планира изградба на посебен погон кој лушпите од ф’стаци ќе ги претвори во биогас, односно во енергија. Проценките е дека со согорување на ф’стаците, прочуена состојка во популарната турска баклава, може да се обезбеди дури 60% од топлинската енергија потребна за греење на Газиантеп. Турција е еден од најголемите производители на ф’стаци (заедно со Иран, САД и Сирија). Лани извезе 6.800 тони ф’стаци, а само Газиантеп лани остварил извоз од 4.000 тони.
Слично

Поврзани вести