Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕ СЕ РАДУВАЈТЕ ПРЕМНОГУ: 2016 ќе донесе нови разочарувања

НЕ СЕ РАДУВАЈТЕ ПРЕМНОГУ: 2016 ќе донесе нови разочарувања
Шефицата на ММФ не предивудува добра година за економијата. Напротв таа смета дека растот на глобалната економија наредната година ќе биде разочарувачки. Кристин Лагард, која денес важи за една од најмоќните жени во светот во текст во германскиот весник „Handelsblat“, напиша дека постои голема неизвесност како и значајно зголемување на ризиците, поттикнати од перспективите за раст на каматната стапка во САД и економското забавување во Кина. Според неа истота така растот на глобалната трговија значајно е забавен. Проблем е и падот на цената на суровините, се разбира за оние земји кои своето стопанство го потпираат на нив. Финансиските ризици растат на пазарите во развој, смета Лагард. Ако се остварат овие прогнози, многу веројатно е дека и македонската економија ќе се соочува со слични проблеми, оти како дел од глобалниот живот, ниту таа не е изземена од надворешните шокови. Тоа го покажаа и сите досегашни случувања.
Слично

Поврзани вести