Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕ СЕ ОТКАЖУВААТ ОД ОСТАВКАТА НА РАМА: Опозицијата пред албанскиот парламент бара предвремени избори!

НЕ СЕ ОТКАЖУВААТ ОД ОСТАВКАТА НА РАМА: Опозицијата пред албанскиот парламент бара предвремени избори!

Албанскиот парламент денес ќе одржи пленарна седница, а истовремено пред законодавниот дом на Албанија обединетата опозиција ќе ги продолжи протестите.

Според најавите, седницата на албанскиот парламент почнува во 10 часот а протестот половина час подоцна.

Од 16 февруари опозицијата одржала шест гоелми протести пред владата и парламентот, на кои се бара оставката од премиерот Еди Рама, формирање на преодна влада, како и предвремени парламентарни избори.

Исто така, опозицијата закажа масовен протест за 13 април, пред албанската влада, но ќе протестираат и пред парламентот кога ќе се одржат седниците.

Последниот протест на албанската обединета опозиција е одржан на 21 март пред албанскиот парламент, па подоцна е продолжен пред директоратот на полицијата во Тирана.

Протестот пред парламентот е одржан во напната атмосферам фрлани се димни бомби, и камења на полицијата, а имало и обиди за насилен влез во зградата на парламентот, како и употреба на солзавез и водени топови од страна ана полицијата.


Foto: EPA / Malton Dibra

Слично

Поврзани вести